Добија ли понуда што не се одбива? Кој дава 7 милиони евра за 7.600 квадрати двор во скопски Аеродром!
Објавено во: Економија 11 Март, 2024 08:53
Понудата на градежната компанија „Голден арт“ кон акционерите на „Раде Кончар – апаратна техника“ порасна од 5,8 на 7 милиони евра за два месеци! Станува збор за купување на вкупно 8.500 квадратни метри дворно земјиште и деловна зграда на Раде Кончар – заеднички дејности ДОО за што одлучувачки збор имаат акционерите на „Раде Кончар апаратна техника“
Реномираната градежна компанија „Голден арт“, специјализирана за изградба на објекти за колективно домување, ја зголеми за 20% понудата за откуп на земјиште кое припаѓа на „Раде Кончар – Заеднички дејности“ (РК ЗД). За 7.620 квадратни метри дворно земјиште и 878 квадратни метри деловен објект сопствениците на РК ЗД добија понуда вредна 7 милиони евра!
Понудата порасна за 20 отсто за помалку од три месеци. Кон крајот на декември лани понудата на „Голден арт“ изнесуваше 5,8 милиони евра.
Информацијата е официјално потврдена и достапна на СЕИ НЕТ информативниот сервис на Македонската берза за хартии од вредност и целосно е достапна на следниот линк https://www.seinet.com.mk/?docID=66910
Во официјалното соопштение пишува дека собирот на содружници на РК ЗД ДОО донел одлука ја да прифати изменетата понуда и условите за продажба на недвижниот имот. За да се реализира таа трансакција неопходно е акционерите на „Раде Кончар – Апаратна техника“ на вонредно акционерско собрание да гласаат за тој предлог и да го одобрат. „Раде Кончар – Апаратна техника“ поседува 40% од сите удели во РК ЗР ДОО и е неопходно да ја прифати понудата за да може да се реализира таа трансакција.
Доколку биде одобрено „Раде Кончар Апаратна техника“ ќе добие 2,8 милиони евра од продажбата на земјиштето кое е сопственост на РК ЗД ДОО – друштво кое е регистрирано за издавање деловен простор.
Голема е веројатноста дека одлуката ќе помине односно ќе биде прифатена затоа што четири физички лица кои се содружници во РК ЗД ДОО истовремено поседуваат и 28 отсто од акциите во „Раде Кончар Апаратна техника“.
Според најнови официјални податоци од Централниот депозитар „Раде Кончар Апаратна техника“ има над 600 домашни физички лица – акционери.
Најголем поединечен акционер во „Раде Кончар – Апаратна техника“ е Горан Антевски со 8,8 отсто од сите акции со право на глас. Јана Каневче поседува 7,55 отсто, Дарио Стојков поседува 7,35 отсто од акциите, а „Раде Кончар Сервис“ ДОО поседува 7,3 отсто од акциите во таа компанија. Други поголеми поединечни акционери се Велибор Киријас со 6,16 отсто и Владанка Трајкоска со 6,1 отсто од сите акции со право на глас.
Р.Ф.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




