27 Јули, 2024
0.0278

ДОАЃА ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК: На првиот ден од декември поголемо затоплување, а деновиве ни доаѓа нов влажен бран

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

„На првиот ден од декември, најавуваме краткотрајно поголемо затоплување на времето, но потоа најголем дел од континентот и Балканот под нов голем продор на поларниот вртлог. Овој продор ќе донесе и многу снег низ Европа и регионот, но дали и кај нас? Останува да следиме како ќе се одвиваат работите понатами и дали токму ова ќе се оствари - објави метеорологот Славчо Попоски.

Инаку, во текот на денешниот ден, како што најави тој, започнуваат нови врнежи. 

„На пониските места (градовите) тие ќе бидат претежно од дожд, иако на почетокот не се исклучува можноста тие да бидат од снег, но подоцна ќе преминуваат во дожд. На повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег.

Обилни врнежи ќе има во западните предели, таму локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). На планините, како и на Скијачките центри ќе дојде до понатамошно зголемување на веќе постоечката снежна покривка.

Утре ќе дува засилен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина и од над 60 км/час). Во Скопје и околината со овој бран врнежите ќе бидат од дожд, на околните планини ќе има врнежи од снег, иако и во котлината наутро не се исклучува можноста за појава на по некоја снегулка. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Потоа во среда врнежите ќе бидат слаби и локални. Во четврток и петок времето ќе биде претежно стабилно и суво, додека нови врнежи ќе имаме за време на викендот. Се на се, долготрајна стабилизација на времето кај нас не се очекува. Често ќе бидеме под влијание на циклони кој ќе условуваат чести и обилни врнежи од дожд и снег.

Во следниот период како минималните, така и максималните температури ќе бележат тенденција на позначителен пораст, и тоа поради јужното воздушно струење и потоплата воздушна маса од југ. Температурите преку ден на повеќе места ќе се искачуваат до околу, а во централните и во југоисточните предели и над 10 степени.

Да напоменеме дека со овој циклон, повторно можни се проблеми во во сообраќајот поради очекуваните обилни снежни врнежи на планинските превои, затоа на возачите им препорачуваме утре да бидат крајно внимателни!“ објави Попоски.

Можеби ќе ве интересира

„СЕ КАЕ ОД ПРВИОТ ДЕН ОТКАКО ГО СТОРИЛА УБИСТВОТО, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ЗА НЕА Е ОДМОР“ - потресно сведоштво на осуденичка од Идризово

„СЕ КАЕ ОД ПРВИОТ ДЕН ОТКАКО ГО СТОРИЛА УБИСТВОТО, НО ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ЗА НЕА Е ОДМОР“ - потресно сведоштво на осуденичка од Идризово

ДОДЕКА СИ СЕДИТЕ ДОМА И СИ КОМЕНТИРАТЕ „МИ СЕ СВИЃА, НЕ МИ СЕ СВИЃА“ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА, НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ ДЕКА: - еве што наброја новинарката Офелија Димковска

ДОДЕКА СИ СЕДИТЕ ДОМА И СИ КОМЕНТИРАТЕ „МИ СЕ СВИЃА, НЕ МИ СЕ СВИЃА“ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА, НЕМОЈТЕ ДА ЗАБОРАВИТЕ ДЕКА: - еве што наброја новинарката Офелија Димковска

КАКО НЀ ЗАЛАЖУВААТ ТРГОВЦИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО - дали правиме разлика меѓу распродажба, попуст и акција

КАКО НЀ ЗАЛАЖУВААТ ТРГОВЦИТЕ ВО ТЕКОТ НА ЛЕТОТО - дали правиме разлика меѓу распродажба, попуст и акција

Колони возила на ГП Богородица и ГП Табановце

Колони возила на ГП Богородица и ГП Табановце

СО УМИСЛА И ОД БЕЗОБЗИРНА ОДМАЗДА ТРОЈЦАТА БРАЌА ПУКАЛЕ КОН СОСЕЛАНЕЦОТ - Обвинителството бара притвор

СО УМИСЛА И ОД БЕЗОБЗИРНА ОДМАЗДА ТРОЈЦАТА БРАЌА ПУКАЛЕ КОН СОСЕЛАНЕЦОТ - Обвинителството бара притвор

„МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА УШТЕ СИНХРОНИЗИРА ТУРСКИ СЕРИИ“ - Апасиев со критика за Љутков

„МИНИСТЕРОТ ЗА КУЛТУРА УШТЕ СИНХРОНИЗИРА ТУРСКИ СЕРИИ“ - Апасиев со критика за Љутков

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена

НЕ СЕ ОПУШТАЈТЕ, ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЖЕШКО - еве ги прогнозите за овие два дена

ПОВИКАН Е НА КОНСУЛТАЦИИ, ТРЕБА ДА РАЗГОВАРА СО МУЦУНСКИ - после Фрчкоски и Мемеди, и Жерновски на „рапорт“

ПОВИКАН Е НА КОНСУЛТАЦИИ, ТРЕБА ДА РАЗГОВАРА СО МУЦУНСКИ - после Фрчкоски и Мемеди, и Жерновски на „рапорт“

ДОБРА ВЕСТ ОД МВР - полицајците го пронајдоа детенцето од Карпош што се изгуби

ДОБРА ВЕСТ ОД МВР - полицајците го пронајдоа детенцето од Карпош што се изгуби