14 Декември, 2025
0.2131

ДОАЃА ЕКОНОМСКА БУРА ОД ЧЕТИРИ МЕЃУСЕБНО ПОВРЗАНИ КРИЗИ: Германскиот министер за економија, Хабек порача од Давос

Објавено во: Економија 24 Мај, 2022 07:51

Добивај вести на Viber

Четири испреплетени кризи: инфлација, енергија, храна и климатски кризи може да имаат несогледливи последици. Повеќекратните закани за глобалната економија се на врвот на агендата на годишниот форум во Давос, а некои официјални лица предупредија на реалниот ризик од глобална рецесија.

Политичките и деловните лидери се собраа на Светскиот економски форум во време кога инфлацијата е на највисоко ниво во последната генерација во големите економии вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Европа.

Зголемените цени ја поткопаа довербата на потрошувачите и ги разнишаа глобалните финансиски пазари како резултат на што централните банки, вклучително и Федералните резерви на САД, ги зголемија каматните стапки.

Во меѓувреме, последиците од руската инвазија на Украина на пазарите за нафта и храна, како и затворањата поради Ковид-19 во Кина дополнително ја влошија ситуацијата.

„Имаме најмалку четири кризи, кои се испреплетени. Имаме висока инфлација ... имаме енергетска криза ... имаме криза со храна и имаме климатска криза. Не можеме да ги решиме овие проблеми ако се фокусираме само на една од овие кризи“, изјави германскиот заменик канцелар Роберт Хабек.

„Сепак, ако ниту еден од овие проблеми не се реши, навистина се плашам дека ќе паднеме во глобална рецесија со страшни последици за глобалната стабилност“, рече Хабек за време на дискусијата на Светскиот економски форум.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) минатиот месец по втор пат оваа година ги намали прогнозите за глобалниот раст, наведувајќи ги војната во Украина и инфлацијата како „јасна и моментална закана“ за многу земји.

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, која денеска треба да зборува во Давос, предупреди дека растот и инфлацијата се на спротивни патишта, додека притисокот поради растот на цените ја потиснува економската активност и ја уништува куповната моќ на домаќинствата.

„Војната меѓу Русија и Украина може да испадне како пресвртница за хиперглобализацијата“, рече Лагард. „Ова може да доведе до слабеење на ефикасноста на синџирите на снабдување за одреден временски период и, за време на таа транзиција, да создаде поупорни притисоци за економијата“, додаде Лагард.

Иако економската цена на украинската криза најмногу се чувствува во Европа, американската економија е под најголем притисок од растот на цените.

Индексот на потрошувачките цени скокна од речиси нула во однос на пред две години на 8,5 отсто во март, што е највисоко во последните 40 години. Федералните резерви на САД реагираа претходно овој месец со највисоко зголемување на стапката во последните 22 години, а претседателот Џером Пауел навести зголемување од слични размери - половина процентен поен - на следните два состаноци.

Зголемувањето на каматните стапки, сепак, дополнително ќе ја ослаби потрошувачката и ќе влијае на американскиот пазар на труд.

Клучните пазари во развој, вклучително и Кина, се очекува да продолжат да растат оваа година, иако со побавно темпо од претходно прогнозираните.

Маркос Трохо, претседател на Новата банка за развој основана во Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, рече дека неговата банка сè уште очекува „силен раст“ оваа година во Кина, Индија и Бразил.


Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји