21 Септември, 2023
0.0251

До крајот на месецов имате обврска кон УЈП која мора да ја завршите

Објавено во: Економија 27 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Рокот за потврда или корекција на Годишната даночна пријава за 2022 година истекува на крајот на овој месец. 

Граѓаните треба да извршат потврда или корекција на Годишната даночна пријава (ГДП) за доходот кој го оствариле во текот на 2022 година.

„Потврдата или корекцијата на ГДП се врши електронски на  системот е-Персонален данок, каде сите регистрирани корисници на своите кориснички профили  може да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираат. По истекот на законскиот рок, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на ГДП– потврдена или коригирана“, велат од УЈП.

Оттаму посочуваат дека на 1 јуни година службено ќе бидат потврдени  Годишните даночни пријави коишто граѓаните ниту ги потврдиле, ниту ги коригирале. 

„Годишната даночна пријава која што граѓаните ја коригирале, а добиле статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данок на личен доход за 2022 година. Кај граѓаните кај кои се појавува обврска за доплата ќе се генерира налог за доплата, кој се наоѓа во самата даночна пријава (во прозорче печати)“, додаваат од УЈП.

Воедно, од УЈП апелираат до граѓаните кои оствариле приходи, а не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги предвид бројните придобивки на користењето на системот.

Можеби ќе ве интересира

КАМАТИТЕ ИМ СЕ ПРЕВИСОКИ, СТАНОВИ ЌЕ НЕМА - германска компанија го запира производството на 60 илјади станбени единици

КАМАТИТЕ ИМ СЕ ПРЕВИСОКИ, СТАНОВИ ЌЕ НЕМА - германска компанија го запира производството на 60 илјади станбени единици

ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ТОШИБА ЈА НАПУШТА БЕРЗАТА ПО 74 ГОДИНИ: Завршено преземањето накомпанијата

ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ТОШИБА ЈА НАПУШТА БЕРЗАТА ПО 74 ГОДИНИ: Завршено преземањето накомпанијата

ГЕРМАНСКИОТ ЛИДЛ СТАРТУВА СО ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - исфрла дел од производите од својата понуда

ГЕРМАНСКИОТ ЛИДЛ СТАРТУВА СО ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - исфрла дел од производите од својата понуда

Законот изгласан, но бизнис секторот не се предава: Законот за „неплаќачи“ ќе го оспориме пред Уставен

Законот изгласан, но бизнис секторот не се предава: Законот за „неплаќачи“ ќе го оспориме пред Уставен

Осигуреници во август наплатија над 5 милиони евра од неживотни осигурувања

Осигуреници во август наплатија над 5 милиони евра од неживотни осигурувања

ФРАНЦИЈА УКИНУВА СУБВЕНЦИИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА: На удар кинеските автомобили, но и дел од производството на Тесла

ФРАНЦИЈА УКИНУВА СУБВЕНЦИИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА: На удар кинеските автомобили, но и дел од производството на Тесла

ЗАКОНОТ ЗА СОЛИДАРЕН ДАНОК ГИ НАЛУТИ СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ: Биле вчудоневидени, ќе го оспорат законот пред Уставен

ЗАКОНОТ ЗА СОЛИДАРЕН ДАНОК ГИ НАЛУТИ СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ: Биле вчудоневидени, ќе го оспорат законот пред Уставен

ВЛАДАТА БАРА КАНДИДАТИ ЗА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЖЕЛЕЗНИЦИ - Еве колку пари ќе се одвојат од државната каса за нивните хонорари

ВЛАДАТА БАРА КАНДИДАТИ ЗА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЖЕЛЕЗНИЦИ - Еве колку пари ќе се одвојат од државната каса за нивните хонорари

Трајковски за цените: Сите граѓани коишто ќе увидат неправилности да пријават на 02 191

Трајковски за цените: Сите граѓани коишто ќе увидат неправилности да пријават на 02 191