30 Април, 2024
0.0262

До каде ќе и влезе Чифлиганец на „Комерцијална банка“?

Објавено во: Економија 04 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Ванчо Чифлиганец преку неговата градежна компанија „Адора“ и придружените друштва се издвои како најголем газда во „Комерцијална банка“. Си плати околу 10 милиони евра и ја качи пазарната цена на таа акција за 50 отсто, а значајно го зголеми и обртот на тргување

„Адора Инженеринг“, градежната компанија на Ванчо Чифлиганец продолжува да пенетрира во акционерската структура на една од двете најголеми деловни банки во земјава „Комерцијална банка“. Официјално е соопштено дека „Адора“ поседува 7,66 отсто од акциите во оваа банка, а заедно со своите придружени друштва вкупно контролира 8,08 отсто од сите акции со право на глас во банката. 

Од достапните официјални податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност се гледа дека во период од само една седмица (од 25 јуни до 2 јули) „Адора“ го зголеми својот акционерски стек за 0,29 отсто односно за 6.609 акции. Од 22.003 истргувани акции на „Комерцијална банка“ повеќе од 6.600 ги купи „Адора“ тоа е вложување од половина милион евра за една седмица. Оваа компанија е убедливо најголемиот маркет-мејкер на пазарот со акцијата на „Комерцијална банка“. Прво затоа што купува најмногу акции, гледано поединечно, и второ затоа што мотивира многумина други помали инвеститори и трејдери да се качат на „трамвајот наречен желба за мрсна заработка на краток рок“. Само ови профитери на ултра кратки рокови мора да научат дека нивните мотиви не за купување не се исти со мотивите на Чифлиганец... И многу е веројатно дека мотивите на „Адора“ не се брза заработка со подигање на пазарната цена туку долгорочна контрола врз една од најголемите банки во земјава.

Како пенетрираше „Адора“ во „Комерцијална банка“

Првиот бран на купување акции се случи на 21 март годинава кога своите акции ги продаде шведскиот инвестициски фонд. Тогаш се истргуваа 298.003 акции односно 13 отсто од акциите на банката, а купувачи беа четири компании: „Адора“, „Гранит“, ИГМ Трејд и „Индустри Сервисис“. Единечната цена за акција беше 3.750 денари, а прометот беше 18,1 милиони евра. Не беше објавено која од компаниите колку акции купи, но веројатноста е голема дека „Адора“ купила над 70.000 акции. Претпоставениот, но непотврден влог во акции е 4,5 милиони евра. На 9 мај вториот бран – „Адора“ вложи 3,55 милиони евра во 52.189 акции во право на глас во „Комерцијална банка“. Цената за акција беше 4.200 денари. Тогаш „Адора“ стана најголем акционер во „Комерцијална банка“ со посед врз 7,19 отсто од акциите. По тоа Чифлиганец беше избран за член на Надзорниот одбор на банката. Во периодот од 9 мај до 2 јули „Адора“ уште околу 10.000 акции во банката и учеството се зголеми до 7,66 отсто од сите управувачки права.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?