14 Декември, 2025
0.0592

ДО ЕДНА ГОДИНА ЗАТВОР ЗА ВОНБРАЧЕН СЕКС: Индонезија донесе ваков закон, важи и за странците

Објавено во: Свет 06 Декември, 2022 11:13

Добивај вести на Viber

Индонезискиот парламент усвои кривичен законик кој забранува сексуални односи надвор од бракот и предвидува затворска казна до една година. Законот е дел од законските измени за кои критичарите велат дека ги поткопуваат граѓанските слободи во третата по големина демократија во светот, пренесува Ројтерс.

Новите одредби, кои ќе важат за Индонезијците, но и за странците, исто така им забрануваат на паровите да живеат заедно пред брак.

Законот е донесен со поддршка на сите политички партии и покрај предупредувањата од бизнис групите дека може да ги исплаши туристите и да им наштети на инвестициите.

Сепак, законот нема да стапи на сила три години за да се овозможи изработка на прописи.

Во моментов, Индонезија забранува прељуба, но не и предбрачен секс.

Кодексот вклучува забрани за црна магија, навреда на претседателот или државните институции, ширење ставови против државната идеологија и организирање протести без најава.

Критичарите велат дека новите закони би можеле да се користат за контрола на моралот во најголемата нација во светот со мнозинско муслиманско население, која бележи пораст на верскиот конзерватизам во последниве години, наведува Ројтерс.

Маулана Јусран, заменик-шеф на одборот за туристичка индустрија на Индонезија, рече дека новиот закон е „целосно контрапродуктивен“ во време кога економијата и туризмот почнаа да се опоравуваат од пандемијата.

- Хотелите или какви било сместувачки капацитети се како втор дом за туристите. Со ратификацијата на овој кривичен законик, хотелите сега се проблематични места - рече Јусран.

Пратениците го поздравија усвојувањето, додека противниците посочија на одредбите за кои велат дека се социјално регресивни, ја ограничуваат слободата на говорот и ќе претставуваат „огромно назадување“ во демократските слободи од падот на авторитарниот лидер Сухарто во 1998 година. Ревидирањето на кривичниот законик се разгледува од 1945 година, кога Индонезија прогласи независност од Холандија.

ФОТО: EPA-EFE/MAST IRHAM

Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина