ДО АПОКАЛИПСА 4 СТЕПЕНИ: Хрватска, БиХ и Словенија ќе бидат пустини?
Објавено во: Балкан 29 Мај, 2017
Еден од водечките климатолози, Парак Кан од Сингапур вели дека Европа сериозно би можела да биде погодена од климатските промени.
Ако температурата се зголеми за 4 степени, нивото на морето ќе биде повисоко за 2 метри.
Тоа значи дека простори каде живеат милиони луѓе може да бидат поплавени.
Европа според него ќе се претвори во пустина, а Канада, Скандинавија и Сибир, би можеле да бидат житници и нов дом на стотици милиони бегалци.
Според ова сценарио, Хрватска, Словенија и БиХ ќе бидат места каде живот е невозможен, а единствено Србија има шанси поради геотермалните води.
Во случај на пораст на температурите, азил на населението ќе има во Нов Зеланд, Велика Британија, Скандинавија, Гренланд и северна Русија. Тоа ќе бидат единствени населени подрачја на светот.