27 Април, 2024
0.0273

ДИЗЕЛ ЧИСТКА: Што ќе фрлат Германците, ќе возат Македонците

Објавено во: Економија 11 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Шест милиони половни дизелаши од Германија ќе го преплават европскиот пазар до крајот на годинава. Германија подготвува голема чистка на дизел возилата од патиштата, па дури се нудат субвенции до 10.000 евра за купување нов автомобил. Од 15 милиони дизел автомобили во Германија, околу 6,7 милиони го исполнуваат евро 4 еко- стандардот, други 6 милиони ги задоволуваат евро 5 прописите, а останатите се од највисоката евро 6  класа. Возилата со евро 4 стандард ќе треба да бидат отшлепани на отпад или продадени во други земји инаку нивните сопственици ќе плаќаат поголем данок и поскапа регистрација за нив.

За жал, иако се обративме Групацијата на импортери на автомобили при Сојузот на стопански комори, досега не добивме од нив официјален коментар за оваа нова ситуација со која ќе се соочи домашниот авто- пазар, кој и онака во последниве години е на стаклени нозе. Олабавената политика за увоз на употребувани возила и економската состојба во земјава придонесоа граѓаните се потешко се фатат за џеб и да купат нов автомобил. Од друга страна, сопствениците на плацеви за продажба на половни возила трљаат раце. Тие очекуваат зголемени испораки на дизел возила со евро 4 од Германија, за какви што е дозволен увозот кај нас.

- Нашите луѓе сакаат коли донесени од Германија. Нема да е проблем да се продадат. Без разлика колку се стари сите се добро сочувани и сервисирани. Затоа, воопшто не се сомневам дека речиси сите овие автомобили ќе го видат крајот во Македонија и во други земји како Србија, Босна и Херцеговина, Албанија- коментира еден сопственик на авто- плац.

(М.Б.)


Можеби ќе ве интересира

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот