14 Мај, 2024
0.0282

ДИСКУС ХЕРНИИ, ИШАЛГИИ, ПОСТХИРУРШКИ РАНИ ЌЕ СЕ ТРЕТИРААТ СО ЛАСЕР ТЕРАПИЈА: Најсовремени апарати се поставуваат во скопските поликлиники

Објавено во: Македонија 25 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Во тек се градежни активности и инсталирање на сосема нова дијагностичка апаратира во скопските поликлиники на Здравствен дом – Скопје. Станува збор за дигитален рентген апарат кој ќе биде поставен во поликлиниката „Букурешт“,  во „Јане Сандански“ се инсталира дигитален мамомат за дојка, пет нови ласер апарати за физикална терапија кои ќе бидат распоредени во пет скопски поликлиники, како и ОЦТ апарат кој е наменет за дијагностички процедури на очното дно, Се подготвуваат и два нови кабинети за ОРЛ, односно за уво, нос и грло, а ќе биде инсталирана и ЕРГО трака за спортска медицина.

-Стигнати се скоро сите апарати кои Здравствен дом Скопје сам си ги набави. Во тек се инсталациите и обуките на лекарите специјалисти кои ќе работат со пациентите. Едниот ОРЛ кабинет ќе биде во функција  во „Јане Сандански“, а другиот во поликлинката „Чаир“. Прв пат ќе имаме апарат за гледање на очното дно, лекарката веќе се обучува за тоа. Официјално ќе стартуваат со работа откако ќе ги поминат сите контроли, проверки, но секако ќе биде многу скоро, посочува директорот на Здравствен дом – Скопје, д-р. Виктор Исјановски.

Во однос на скенирачките апарати за ласер терапија, д-р. Оливер Алексовски, специјалист по физикална медицина и рехабилитација во разговор за Фактор вели дека во поликлиниката Букурешт е веќе инсталиран и подготвен за работа, уште четри ќе бидат распоредени и во останатите поликликники каде што има физикална терапија, односно „Јане Сандански“, „Бит Пазар“, „Чаир“ и „Ѓорче Петров“.

-Станува збор за современа генерација апарти кои имаат 175 готови програми-дијагнози кои може да се користат, но секој од докторите може самиот да внесува дијагноза. Навистина нивното функционирање ќе биде од огромно значење за пациентите кои имаа здравствени физикални проблеми, или како што ги нарекуваме болести на современото време. Ласерски ќе се третираат дискус хернија, дискус патија...Скенирачките апарати за ласер терапија нудат широк опсег на нешто што ние го работиме. Во готовите програми има и калкулација на време, на пример за дискус хернија која веќе ја споменавме, може времето на третман да го пресмета на 16 минути, но  самиот лекар по потреба може да направи промена. Значи ќе третираме пациенти со спонделози, ишалгии, сите болести на рбтениот столб, може да се лекуваат и постхируршки рани, ревматоиден артрит, дијабетична невропатија...Освен по медицински индикации, ласерот во ова современо време се користи и за други цели, пред се во естетиката, така што ќе може и сите оние кои сакаат да отстранат целулит, стрии да дојдат на третмани. Но, мора да напоменам дека услугите се наплаќаат, а истовремено лесерската терапија ќе си ја плаќаат и пациентите кои имаат медицинска индикација, односно имаат на пример спонделоза, бидејќи овие третмани не ги покрива Фондот за здравствено осигурување, вели д-р Алексовски.

Сепак, како што напомена тој во нашиот разговор, скенирачките апарати за ласерска терапија имаат и низа контраиндикации и не се препорачуваат, односно не смеаат да се третираат одредена група пациенти.

-Пред се тоа се луѓето оние кои имаат малигни заболувања, луѓето со ТБЦ, пациентите кои се третирани со радиотерапија, оние кои се склони на крварење, луѓето со вграден пејсмејкер, пациентите со епилепсија, пациентите со невролошки нарушувања. Значи ласерската терапија има навистина широк спектар на медицински индикации, но секако има и контраиндикации и треба многу да се внимава, вели д-р Алексовски.

Затоа секој од лекарите специјалисти, вели д-р Алексовски ќе ја помине потребната обука, и се очекува третманите со скенирачките апарати да започнат во поликлиниките веќе од почетокот на септември.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

КАЈ МАВРОВКА СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИ КАМЕРИ: Ќе документираат сообраќајни прекршоци

КАЈ МАВРОВКА СЕ ПОСТАВУВААТ НОВИ КАМЕРИ: Ќе документираат сообраќајни прекршоци

МОЖНО ЛИ Е ПРАТЕНИК ДА СТАНЕ БОБИ МОЈСОСКИ ОД ЛДП, А ДА ИСПАДНЕ ИСМАИЛ ЈАХОСКИ ОД ДУИ, ИЛИ ПРАТЕНИК ПОВЕЌЕ ДА ДОБИЕ ВМРО-ДПМНЕ - еве по колку гласови им недостигаат

МОЖНО ЛИ Е ПРАТЕНИК ДА СТАНЕ БОБИ МОЈСОСКИ ОД ЛДП, А ДА ИСПАДНЕ ИСМАИЛ ЈАХОСКИ ОД ДУИ, ИЛИ ПРАТЕНИК ПОВЕЌЕ ДА ДОБИЕ ВМРО-ДПМНЕ - еве по колку гласови им недостигаат