12 Мај, 2025
0.0698

„ДИРЕКТОРОТ ШТО БАРАШЕ МИТО ЗА ГЕРИЈАТРИЈА БЕШЕ ЧЛЕН НА НАШАТА ПАРТИЈА, УТРЕДЕНТА ГО РАЗРЕШИВ, ГО ИСКЛУЧИВМЕ И ОД ПАРТИЈА“: Таравари за скандалите во здравството

Објавено во: Македонија 24 Април, 2025 11:23

Добивај вести на Viber

Како Министерство за здравство стоиме на располагање за да се исчисти криминалот и корупцијата во здравство, порача денеска министерот за здравство, Арбен Таравари, кој во при посетата на Кумановската болница одговараше на новинарско прашање за вчерашната акција на полицијата во врска со незаконско доделување на инвалидски пензии. Таравари потсети дека претходно имаше и случај во државниот Геријатриски центар, кога директорот беше фатен при земање на мито од 20.000 евра.

-Се случи во Геријатрија една акција, тој беше член на нашата партија, утредента го разрешив од директор и задутрете го исклучивме од партија. Сите што грешат, ние ниту сме полиција, ниту јавно обвинителство, ниту ги следиме луѓето. Меѓутоа ги поздравувам сите овие акции, изјави Таравари.

Тој посочи дека има информации за злоупотреби од страна на вработени во здравствените установи, но, како што вели, не сака да генерализира и не се сите доктори такви.  

-Но, таму кај што постојат сомнежи ги поддржувам, со сета почит и стоиме како министерство за здравство, тука да помогнеме на сите вакви акции за да се исчисти криминалот и корупцијата, рече Таравари.

Прашан за случајот со починатиот пациент на Каридиохиргија,  Таравари одговори дека извештајот е готов.

- За кардиохирургија мислам дека е готов, но не сум го прочитал, ви кажав од санитарен инспекторат е пристигнат, прочитав и од новинарите што е констатацијата. Така што,  ќе видиме за понатамошните чекори, што ќе биде преземено, вели Таравари по посетата на болницата во Куманово. 


Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ: Одиме во опозиција

ТАРАВАРИ: Одиме во опозиција

ПЕТРУШЕВСКИ: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам

ПЕТРУШЕВСКИ: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам

КРИС ПАВЛОВСКИ: Не го организиравме патувањето на владината делегација за инаугурацијата на Трамп

КРИС ПАВЛОВСКИ: Не го организиравме патувањето на владината делегација за инаугурацијата на Трамп

(ВИДЕО) ВЕРБАЛНО ГО НАПАДНАА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ: Тензичен протест во Тркање

(ВИДЕО) ВЕРБАЛНО ГО НАПАДНАА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ: Тензичен протест во Тркање

ТУРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕ СЕ НАЈЧЕСТИ ГОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кој им го зема приматот?

ТУРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕ СЕ НАЈЧЕСТИ ГОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кој им го зема приматот?

МИЦКОСКИ ЗБОРУВАШЕ ЗА НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО НЕГОВИОТ ЖИВОТ: Во 3 часот и 30 минути некој затропал на неговата врата

МИЦКОСКИ ЗБОРУВАШЕ ЗА НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО НЕГОВИОТ ЖИВОТ: Во 3 часот и 30 минути некој затропал на неговата врата

МВР ЗА ПРОТЕСТОТ НА НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ: Секој има право да протестира

МВР ЗА ПРОТЕСТОТ НА НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ: Секој има право да протестира

ПОЛИЦИЈАТА НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Човекот кој влечеше куче се извини и кажа што се случило

ПОЛИЦИЈАТА НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Човекот кој влечеше куче се извини и кажа што се случило

КОШТА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО БАЛКАНСКИТЕ ЛИДЕРИ: Кажа кои две земји први ќе влезат во ЕУ

КОШТА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО БАЛКАНСКИТЕ ЛИДЕРИ: Кажа кои две земји први ќе влезат во ЕУ