03 Мај, 2024
0.0249

Димовски уверува – Македонија има здраво, квалитетно и безбедно млеко

Објавено во: Агробизнис 18 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Mинистерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска беше во посета на млекарниците Идеал Шипка, Битолска ИМБ и ЦЕРМАТ во Битола, за како што рече, лично да се увери во квалитетот на млекото. - Со компаниите го споделивиме заедничкиот став дека ако сакаме млеко со повисок квалитет, тогаш субвенционирањето треба скалесто да се одвива. Моментно, за литар млеко поддршката е 3,5 денари, но во наредниот период ќе ја зголемиме па цената за литар прва класа ќе биде 4,5 денари, а за втора 3,5 денари, истакна Димовски. Според министерот, во државата треба што поскоро да се формира посебен репро-центар преку кој ќе се создаваат услови за зголемување на бројот квалитетни грла за што очекува соработка со сите млекарници. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Рунтевски истакна дека контролите за испитувањена квалитетот на млекото се зајакнати. - Посетата на пелагонискиот регион за нас е уште една гаранција за безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи што се пласираат на македонскиот пазар. Информирани сме за дополнителните мерки за безбедност што самите компании ги воведуваат во процесот на производство, што значи потрошувачите може да бидат целосно безбедни од производите што нашите млекарници ги пласираат на домашниот пазар, рече Рунтевски.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?