25 Април, 2024
0.0296

Димовски: Срамно е држава која се стреми кон европското семејство да има неписмен народ во толкавна бројка

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Срамно е за една држава која се стреми кон европското семејство да има неписмен народ во толкавна бројка,  коментира Владо Димовски од Центарот за доживотно учење за податокот од пописот дека во Македонија има скоро 19.000 неписмени граѓани.

Тој додава дека ова е висока бројка, но се сомнева дека реално на терен сликата е дури и полоша, затоа што едно е да поседувате диплома, но прашање е дали имате знаење.

Бројката од 19.000 неписмени која се појави на неодамнешниот попис на населението во Македонија е загрижувачка, ако е точна таа бројка. Се плашам дека оваа бројка е уште поголема ако писменоста се проверува, а не само да се пишува завршеното образование во формуларите за попис. Изјавите и внесувањето на завршеното образование во формуларите само по себе не значи писменост“, вели Димовски.

Нагласува дека последниве две децении, квалитетот на образованието опаѓа. Учениците се во трка по високи оценки, но не и по повеќе знаење. Сето ова подоцна негативно се одразува на пазарот на труд, каде фалат квалификувани кадри.

„Образованието во Македонија последниве 20 години е во многу, многу голем пад во квалитетот, а на никому за тоа не му е гајле. Кај еден голем број родители на ученици важно е детето да има какво такво образование, да има некаква диплома, свидетелство, а дали нешто ќе научи не е важно. Од друга страна пак на уште поголем број родители на ученици им е важно детето да има во свидетелството или дипломата највисоки оценки, а знаењето е на второ место. Тука е трагедијата во нашето образование. Срамота е да истакнете податоци во 21 век дека имате 19.000 неписмени граѓани во моментов, а имаме задолжително образование. Ако се погледнат уписите во средните училишта каде образованието од пред некоја година стана задолжително, ќе се зачуди човек дека во прва година во некои училишта имаме скоро неписмени ученици. Проверете само како се потпишуваат во списоците за присуство. Се потпишуваат само со иницијали и со големи букви, искривени и различни една мала, друга голема, трета непрепознатлива. Катастрофа. Со вакво образование, со ваква уписна политика, со вакви наметнувања на различни програми по желба на политичари, а не на просветни работници македонското образование само ќе тоне и тоне. Трката за оценки на родителите, купувањето на разни свидителства и дипломи го доведоа образованието таму каде што е и каде што му е местото. Сè повеќе имаме на пазарот на трудот лица со завршено само основно образование или со некоја диплома од некое средно училиште без никаква квалификација и токму затоа нема квалификуван кадар за пазарот на трудот, па компаниите мораат да примаат кадри кои прво ги обучуваат, па ако сфатат нешто ги вработуваат, ако не пак нова тура за обуки, па што испадне, испадне“, објаснува Димовски.

Тој вели дека на образованието во земјава му се потребни реформи од корен.

„Моја препорака е дека на образованието во Македонија му треба генерален ремонт, значи генерален, од корен без додавање на секакви програми секоја година туку враќање на основите на образованието, па какво и да било тоа во минатото, но секако било подобро од денешново. Македонија била извор на писмени и стручни кадри и имала со што да се пофали и дома и надвор. Во денешно време ретки се тие млади луѓе кои се иселуваат од земјава со постигнат успех во своето образование и кои наоѓаат свој пат во престижни светски компании. Сè поголем е бројот на лица без образование или со несоодветно образование кои се евтина работна сила низ европските земји. Евтина работна сила се затоа што немаат образование или пак ако го имаат какво такво не се квалификувани за работи кои се добро платени, но сепак се повеќе платени таму отколку овде,  затоа и бегаат од Македонија. Ова последниве 20 години со нашево образование испаѓа како онаа народната „неписмен народ силна држава“, а со ваков народ најлесно се владее тоа би била девизата на политичарите“, кажа Димовски.

Во вкупното резидентното население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста, регистрирани се 18.897 лица или 1.2 отсто неписмени лица, од кои 5.517 се мажи и 13.380 се жени.

Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се: 23.192 лица или 1.5 отсто  без образование, 62.129 лица или 4.1 отсто се со незавршено основно образование, 423.456 лица или 27.8 отсто се со основно образование, 672.375 лица или 44.1 отсто се со средно образование, 263.349 лица или 17.3 отсто се со високо образование, 29.654 лица или 1.9 отсто се со магистратура, 6.037 лица или 0,4 отсто се со докторат, а 45.174 лица или 3 отсто се со непозната школска подготовка. Податоците од претходните години, покажуваат дека во државите членки на ЕУ неписменоста е помала од еден отсто.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678