Димовски најави дека ако нема покачување на платите од септември ќе има радикализација
Објавено во: Економија 11 Август, 2022 19:32
Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека ако нема покачување на платите од септември ќе има радикализација.
Димовски денеска во вестите на Сител изјави дека многу работници преку иницијативата „Отворен Балкан“ ги спремиле куферите за да си заминат од земјава.
Според него, ССМ повеќе не бара зголемување од 2.806 денари за сите како солидарно решение.
„Покачувањето сега мора да биде 18,4 отсто. Гледаме лебот се покачи, цените се високи… Како ќе преживееме ние? Ќе чекаме Владата да направи нова методологија? Ние ќе се радикализираме, а граѓаните, пензионерите, младината нека го сфати ова сериозно“, изјави Димовски во вестите на Тв Сител.
Тој вели дека мора да се побунат за она што законски им следува.Над 30.000 занаетчии, лекари, медицински сестри и техничари од Македонија и Албанија од септември ќе бараат работа во Србија без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




