08 Мај, 2024
0.0229

Димовски на саем за храна и земјоделство во Берлин

Објавено во: Агробизнис 18 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска и утре во Берлин ќе присуствува на Меѓународниот саем за храна, земјоделство и хортикултура „Зелена недела“ што ќе трае до 27 јануари.

За време на посетата, Димовски ќе учествува и на Самитот на министри за земјоделство, настан што е дел од „Зелена недела“.

Во фокусот на годинашниот Самит на министри ќе биде прифаќањето на фактот дека земјоделството игра клучна улога во исхраната на популацијата и дека е неразделно поврзано со искоренувањето на сиромаштијата, особено во земјите во развој. Ќе се стави акцент и на тоа дека инвестирањето во одржливо земјоделство и рурален развој е од суштинско значење за да се оствари правото на соодветна храна.