03 Мај, 2024
0.0267

Димовски: Догодина ќе има 25 милиони евра субвенции за тутунот

Објавено во: Агробизнис 23 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Идната година ќе се дадат 25 милиони евра субвенции за тутунот, најави денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски за време на посетата на прилепскиот Тутунски комбинат каде што пред четири дена почна откупот на тутунот. „Според производителите, реколтата која очекуваме да тежи околу 25.000 тони, е со висок квалитет. Тоа го потврдуваат и анализите“, изјави Димовски. Тој исто така појасни дека исплатата на преземените количини тутун ќе биде во рок од седум до десет дена. Во врска со извозот во Народна Република Кина, Димовски рече дека е веќе потпишан протоколот со кинеското ресорно министерство за начинот и условите што треба да ги исполниме за пласман на ориентален тутун на кинескиот пазар. „Министерството го направи своето. На потег се откупните компании, доколку имаат партнер и го најдат својот инетерес, да извезуваат на кинескиот пазар“, истакна Димовски. Според Министерот, тутунопроизводството има иднина во Македонија и е значајна земјоделско-индустриска гранка која ќе ја има поддршката од државата.  

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?