Димитров од Шпанија со најава за ратификација побавна од очекувањата
Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2020 06:49
Министерот за надворешни работи Никола Димитров при вчерашната посета на Шпанија најави ратификација на пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО побавна од очекувањата на јавноста. Според информациите кои ги сподели шефот на македонската дипломатија, тоа ќе се случи дури на крајот на март.
„МНР Гонзалес на првиот ден како министер го доставила пристапниот протокол за членството на Северна Македонија во НАТО до шпанската влада. Утре протоколот е пред Комитетот за надворешни работи, а идната недела ќе биде на пленарна седница. Потоа постапката ќе продолжи во Сенатот. Се очекува дека ратификацијата ќе се заврши најдоцна до крајот на март“, објави Димитров на Фејсбук.
Во Мадрид тој имаше средба со министерката за надворешни работи на Шпанија, Аранча Гонзалес, и со претседателката на Долниот дом на Парламентот, Маричел Батет. Гонзалес наедно посочила дека Шпанија ја поддржува одлуката за отворање на пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




