20 Декември, 2025
0.0549

Димитров: Изјавата дека ние Македонците сме некаков фалсификат е навреда и говор на омраза

Објавено во: Македонија 21 Април, 2022 21:13

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров на социјалните мрежи пишува дека да се зборува за идентитетот на друг човек, а не па за идентитетот на друг народ, е дрско, безобразно и непристојно, алудирајќи на провокацијата од бугарскиот претседател Румен Радев. 

Додава дека прашањето за идентитетот, во меѓународното право е внатрешно прашање. 

Тоа прашање може да го одговори само народот на кој се однесува прашањето и никој друг. Да се тврди дека нечиј идентитет е вештачки, фалсификат е неписмено. Сите нации на светот се општествени творби, општествени конструкции. Резултат на конкретен и сложен сплет на историски настани и процеси. Бидејќи тука не се работи за гените, тука се работи за чувство на заедништво. Поделбата на природни и вештачки од природните науки оттука е неприменлива во овој контекст. Изјавата дека ние Македонците сме некаков фалсификат е навреда и говор на омраза. Тоа што оваа изјава доаѓа од државниот врв во Софија е врвен скандал. Изјавата очигледно е антимакедонска и непријателска. За да зборуваме за некаква антибугарска политика кај нас, треба да зборуваме за Бугарите. Ние немаме ама баш никакво барање кон Бугарија, освен да не’ почитува. Овде се работи за нас, ние сме предмет на изјавата, како што впрочем ние сме предмет и на антиевропскиот спор. Таа се бави со македонскиот идентитет, го нарекува фалсификат на комунистичката интернационала. Ова е крајно опасен наратив, незамислив во демократска Европа. За жал, идентичен на наративот на Путин кон соседна Украина. Замислете комшии, претседател на соседна земја да ви каже дека бугарскиот идентитет ви е нечиј фалсификат. Ставете се на наше место, макар за миг, колку и тоа да ви е незамисливо. Исто толку ни е незамисливо и нам“, пишува тој. 


Тој прашува какво вака да градиме вистинско пријателство и дали можеби во ваква атмосфера може да работи комисијата на историчарите. 


„Ако сакаме решение, треба да го бараме во рамките на принципите на меѓународното право, на договорот за пријателство и на најосновните узанси на меѓучовечките односи. Основна почит кон другиот пред се’! Никогаш во нашата Македонија не сме биле толку навредени и гневни кон вас - директен резултат на погрешната бугарска политика. Конечно, нашите пријатели и партнери од демократскиот свет треба да се одважат и да застанат јасно зад принципите што ги застапуваат. Светот меѓу другото ни е на ова дереџе токму поради молкот тогаш кога треба да се застане на страната на принципите. Вакви изјави и услови се срамни и недозволиви во европски рамки. Повикот “решете си го спорот” легитимира и го разјадува и идентитетот на ЕУ. Оти, ако од еден европски народ се бара да не биде посебен народ, да не биде тоа што е, да прифати дека бил фалсификат замислете, како услов да влезе во семејството, каде е ЕВРОПСКОТО во тоа семејство? Си имаме проблем со политиката на една земја членка драги пријатели и тоа не е само наш туку е и ваш проблем. Постојано велев и пак ќе кажам: оваа битка не е само за македонскиот идентитет, туку и за европскиот, и идентитет и образ. Оваа битка е и за вистинското македонско-бугарско пријателство и покрај најдобрите напори на сегашната бугарска политика да го ничкоса“, пишува Димитров. 


Бугарскиот претседател Румен Радев ги обвини македонските политичари за обид за градење идентитет врз основа на комунистички фалсификати, а не врз историски вистини. За реакциите во Македонија по отворањето на културниот клуб во Битола, кој го носи името на Ванчо Михајлов, Радев утринава одговори дека кога веќе се зборува за фашизам, треба да се нагласи улогата на Михајлов – тој му се спротивставил на Хитлер да ја вовлече Македонија во, како што рече, братоубиствена војна со Бугарија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки