21 Мај, 2024
0.0306

ДИК ИМА НУЛА ПРОЦЕНТИ, ЦУК И АГЕНЦИЈАТА ЗА СПАСУВАЊЕ ПО 9 И 19, МЗ 23 ОТСТО - каде кочат капиталните инвестиции

Објавено во: Економија 16 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

И оваа година не оди добро со капиталните инвестиции. За седум месеци или повеќе од половина од 2021 година се реализирани само 31 отсто од инвестициите, или вкупно 150 милиони евра, наспроти 484 милиони евра колку што се предвидени да се остварат за цела оваа година.

Ако се оди според тоа колку просечно требало да се реализираат капитални расходи во текот на секој месец, или, 8,33 отсто, тоа значи дека заклучно со јули годинава требало да бидат искористени најмалку 58,3 отсто од инвестициите, или двојно повеќе од она што реално е остварено.

Министерството за финансии ги објавува за секоја државна институција бројките за тоа со колкав процент кај нив досега се остварени капиталните инвестиции, а целта е да се види кои институции колку успеале да потрошат од парите што им ги дала државата за вложувања во нивните ресори, со кои би се унапредило и модернизирало нивното работење, но и за капиталните проекти што се предвидени.

Неколку државни органи на списокот бодат очи со тоа што за цели седум месеци имаат чиста нула реализација, што значи дека воопшто не успеале да реализираат ниту едно предвидено вложување во своите сектори за кои им биле доделени средства од државниот буџет.

Еве да видиме кои се најслабите државни трошачи, а веројатно самите тие пред јавноста ќе треба да ги образложат причините за таквиот неуспех.

Државната изборна комисија нема направено никакво капитално вложување од стартот на годинава. Износот на капитални инвестиции кај неа е нула проценти. Ова е навистина нејасно, од причина што во октомври треба да се одржат локалните избори. Од ДИК, пак, која за време на последното изборно соочување не се „прослави“ со електронскиот систем за следење на резултатите од изборите, се очекува дека би требало да направи барем некакви инвестиции, за таков несреќен настан да не се повтори и на претстојниот изборен мегдан.

Нула отсто капитални инвестиции за седум месеци имаат направено и Регулаторната комисија за домување, Советот за унапредување и надзор на ревизијата, но и Инспекцискиот совет, тело кое се најавуваше како многу значајно, бидејќи под своја капа ги собира сите државни инспекторати, и практично е еден вид „инспектор на сите инспектори“.

Со нула проценти капитални инвестиции можат да се „прослават и Бирото за застапување на земјава пред Европскиот суд за човекови права, како и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Она што многу изненадува, барем според податоците на МФ, е што нула отсто капитални вложувања има и Државниот пазарен инспекторат, институција која и онака е многу битна во системот, а особено сега за време на ковид пандемија, кога нивните инспектори вршат бројни контроли за тоа дали угостителите ги почитуваат владините мерки за заштита од коронавирусот.

Уште два инспекторати, а тоа се Државниот инспекторат за техничка инспекција, како и Државниот комунален инспекторат, фигурираат дека за седум месеци немаат воопшто направено капитални инвестиции.

Не е јасно и зошто еден многу значаен државен орган, како што е Управата за јавни приходи, која е главна за собирање на народните пари, има реализација на капитални инвестиции од нецели еден процент, или прецизно 0,96 отсто за седум месеци.

Од оние институции кои беа актуелни поради одредени настани во изминатиот период, интересно е да се погледне колкав бил процентот на капиталните инвестиции во Центарот за управување со кризи, како и во Дирекцијата за заштита и спасување. Познато е дека за време на силните пожари кои се појавија на крајот на јули, „испливаа“ на површина големи недостатоци кај овие две институции, пред се слаба опременост на пожарните служби со возила и хеликоптери за гаснење на пожарите, поради што помагаше и нашата Армија, но и многу странски пожарни служби, кои тука испратија и своја опрема, и пожарникари. Тие со својата организираност, стручност и опременост буквално ни одржаа лекции за тоа како ние треба да постапуваме.

Е токму овие две институции имаат исклучително ниска реализација на капиталните инвестиции, и тоа ЦУК потрошила само 9,5 отсто од капиталните расходи, додека, пак, Дирекцијата за заштита и спасување има нешто подобро, но сепак доста ниско остварување, од само 19 отсто од предвидените пари. Можеби, доколку вложувањата понавреме се направеле, би се превенирале дел од економските и други штети кои ги предизвикаа силните пожари.

Интересно е да се опсервира и зошто Министерството за здравство за седум месеци има реализација од само 23 отсто од капиталните инвестиции, и покрај тоа што оваа година исто така е пандемиска, а болниците и на почетокот на годината, и пролетта, а и сега, се преполни со тешко болни ковид пациенти, на кои им се потребни сите можни услови и апарати за најдобра нега за да се изборат со лошата болест.

Како добри трошачи, пак, на капитални инвестиции, можат да се издвојат Агенцијата за разузнавање, со дури 98,3 отсто реализација, потоа Државната комисија за одлучлување во управна постапка и постапка од работен однос, со остварување од 88,9 отсто, но и Државниот инспекторат за транспорт со 93,6 проценти, како и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, со реализација од 92,9 отсто.

Тие се на некој начин за пофалба, бидејќи се што требало да направт со државните пари, веќе си го завршиле како домашна задача уште неколку месеци пред да заврши годината.

Од другите институции би се издвоиле, Претседателот на државата со реализација од 52,5 отсто, Државниот завод за ревизија со 52 отсто, кои се солидни, за разлика од Собранието, кое има реализација од само 5,55 отсто.

Владата има потрошено 22 отсто од парите што сама си ги доделила за капитални инвестиции, а нејзината Служба за општи и заеднички работи 36 отсто. Додека, пак, Секретаријатот за европски прашања е исто така слаб, со 16 отсто реализација.

Агенцијата за управување со одземен имот има добро остварување од 68 отсто.

МВР има само 20 проценти, Правда 28 отсто, МО над три отсто, а МНР околу 7 отсто.  

Министерството за Финансии реализирало 44 отсто од капиталните инвестиции, а Министерството за економија дури 73 отсто, што значи подобро им одело на економските минсистерства, но не толку и на она за транспорт, чија реализација е 26,7 проценти.

 Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?