ДЕВОЈЧЕТО СТРАДАЛО ОД НАПАДИ НА ПАНИКА, БИЛО ОДНЕСЕНО ВО БОЛНИЦА, И НАБРЗО ПОЧИНАЛО - најмалку една жртва од силниот земјотрес во Турција и Грција
Објавено во: Свет 03 Јуни, 2025 09:03
Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот брег на Турција рано утрово, одземајќи најмалку еден живот.
Според сеизмолозите во ЕМЦС, епицентарот на земјотресот бил во близина на туристичкото место Мармарис, на само неколку километри од грчкиот остров Родос.
Според Турската агенција за цивилна заштита, потресот се случил во 2:17 часот наутро и бил почувствуван и во соседните региони.
Гувернерот Идриз Акбијик извести дека 14-годишно девојче кое страдало од напади на паника било однесено во болница, каде што починало кратко потоа. 69 луѓе скокнале од прозорците на своите домови за време на земјотресот, при што се здобиле со повреди.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на X објави дека досега нема извештаи за штети на станбени објекти во Мармарис. Градот се наоѓа во турската провинција Мугла во која само во минатата година, според турската агенција Анадолу имало 3,7 милиони странски туристи.
Според турското министерството за внатрешни работи, епицентарот на земјотресот кој во текот на ноќта го погоди регионот бил на 68 километри длабочина.
Со оглед на тоа што Турција лежи на спојот на големи континентални плочи земјотресите се чести. Во 2023 година, во катастрофален земјотрес со магнитуда од 7,8 степени според Рихтеровата скала загинаа повеќе од 53.000 луѓе. Стотици илјади згради беа уништени или оштетени. Во северните делови на соседна Сирија, земјотресот однесе уште 6.000 животи.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




