ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек
Објавено во: Свет 20 Април, 2024
Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, a полицијата во Тексас e во шок.
Го испрашувале детето поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, по што тоа им кажало на инспекторите дека убило човек пред две години без никаква причина.
Сепак, детето не може да биде обвинето за злосторството затоа што во моментот на убиството имало помалку од 10 години, пренесува CBS News.
Момчето кажало дека пукало и убило човек во 2022 година, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Гонзалес.
Детето им дало на истражителите информации за убиството на 32-годишниот Брендон О’Квин Резбери на 18 јануари 2022 година во Никсон, Тексас.
Тој раскажа дека тој ден бил кај својот дедо на гости во паркот за кампери во близина на местото каде што живеел Резбери, и дека извадил пиштол од кабината на камионот на неговиот дедо, влегол во комбето на Резбери, пукал во него и го убил.
Тој изјавил дека никогаш претходно не го видел Расбери и дека убиениот не направил ништо за да го налути.
На 12 април, инспекторите го пронајдоа пиштолот користен за убиството на Разбери во заложна продавница во блискиот град, но бидејќи детето имало помалку од 10 години кога го извршило злосторството, не може да биде обвинето за убиството во 2022 година.
Детето е обвинето во врска со заканата упатена кон соученик и се наоѓа во малолетнички притвор.