Деспотовски: „Филмскиот град“ во Скопје на Малкович сака да гради и станови
Објавено во: Економија 29 Март, 2023 20:39
Јован Деспотовски, директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 рече дека проектот „Филмски град“ во Скопје најавен од светската филмска ѕвезда Џон Малкович бара да му се дадат локации за изградба на станбени и деловни згради, кои тие потоа ќе ги продаваат. Депотовски во овој случај вели дека земјиштето „не може да се даде беспари“.
„Дојдоа и до нас, ни се обратија, имавме еднаш, два пати средби со регионалните претставници на самата компанија. И во самата презентација на проектот има елементи кои не соодветствуваат… Проектот се состоеше од повеќе елементи. Филмскиот град беше само еден од нив. Имаше еден крупен сегмент кој подразбираше развој на комерцијални објекти, дел за домување, дел за деловни намени“, рече Деспотовски.
Тој додаде дека од страна на државата им било понудено веднаш да се почне со изградба на филмскиот град, дури тоа да го направат домашни компании, а тие само да дојдат, да донесат технологија и да почнат да снимаат. Меѓутоа, сакале прво да градат згради и да продаваат станови.
„Ако сакате брутално искрени да бидеме, да. Јас немам проблем тоа да го дискутирам. Понудивме сегментот на филмскиот град веднаш да го реализираме во една од нашите зони. Веднаш, земјиште да лоцираме за таа намена, дури и да обезбедиме контакт со домашни фирми кои биле подготвени тоа да го изградат и да го дадат под наем, само компанијата да дојде, да донесе технологија и да донесе клиенти да се снима тука. Сегментот на недвижност, комерцијален елемент, тоа го немаме бидејќи тоа си е сосема друг ресор во државата. Меѓутоа, претставниците на компанијата инсистираа прво на тој сегмент, пред да се реализира делот на филмскиот град“.додаде директорот на ТИРЗ.
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година




