04 Мај, 2024
0.0257

Дескоска и Сугарески „лидери“ на дното: Колку капитални проекти потпишале за половина година?

Објавено во: Финансии 06 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Веќе е јасно дека капиталните расходи за половина година не надминаа ниту една петина од вкупните кои беа предвидени за годинава. Или од јануари до јуни беа реализирани само нешто над 16 отсто од вкупните пари кои биле предвидени за училишта, градинки, патишта, железници. Кој најмалку придонел? Министерството за транспорт и врски, но и за образование кои всушност треба да се носители на овие проекти, во првата половина од годината имаат уште помала реализација на капиталните проекти дури и од просекот за тој период. Полугодишниот извештај што го објави Министерството за финансии покажува дека во Министерството за образование за шест месеци биле реализирани само осум отсто од планираните пари за годинава, додека во транспорт и врски само 12,3 отсто од предвидените пари за капитални проекти.

ВО ОБРАЗОВАНИЕ САМО 8 ОТСТО

Извештајот ги анализира најголемите буџетски корисници, а меѓу нив се и овие две министерства. Во образование кое до јуни го водеше министерката која сега седи во министерското столче во Министерството за правда, Рената Дескоска, во првото полугодие се потрошени 174 милиони евра или над 40 отсто од планираните за годинава. Најголем дел од парите се тие кои се трансферирани до единиците на локалната самоуправа.  Плати и надоместоци се втора најзначајна ставка со учество од 15,5 отсто, за што се потрошени 27 милиони евра односно 47,4 проценти од вкупно предвидените. За стоки и услуги реализирани се 20 милиони евра или 30 проценти од вкупно предвидените средства за тековната година. За најважните, капитални расходи реализирани се само 2,7 милиони евра, што е фантастично ниски 7,9 проценти од сите пари кои биле предвдиени за годинава.

Слична е ситуациајта и во Министерството за транспорт и врски со кое раководи министерот Горан Сугарески. Имено ова министерство во првата половина на 2018 година реализирало средства во износ 17,3 милиони евра што претставува 17,6 проценти од вкупниот буџет за 2018 година.

„Во однос на истиот период од претходната година, расходите се пониски за 53,6 проценти. Реализацијата на капитални расходи во првата половина од 2018 година изнесува 645 милиони денари (10,4 милиони евра), што е 12,3 проценти од годишниот буџет за оваа намена, но се очекува интензивирање на реализацијата на капиталните расходи во втората половина на годината“, стои во извештајот.

ПРЕКУ ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Инаку со повисока реализација на капиталните проекти од просекот во првата половина во годината кој беше исклучително низок, отскокнува програмата за финансирање на проекти од областа на културата. Имено ако просекот е над 16 отсто, во култура се реализирани над 20 отсто од капиталните расходи предвидени за годинава.

Пред пет дена премиерот Зоран Заев изјави дека не е задоволен од реализацијата на капиталните расходи, но рече дека очекува да се достигне проектираното ниво во третиот и во четвртиот квартал, со оглед на тоа што биле направени проектните документации кои биле најголема слабост на потфрлувањето. Дел од капиталните инвестиции сепак не се реализираат преку буџетот, туку преку буџетите на јавните претпријатија, особено кога станува збор за патиштата, железницата, гасификацијата.

Инаку засега не се планира ниту ребаланс на буџетот.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот