26 Април, 2024
0.0273

Десет успешни компании со признанија за македонски квалитет

Објавено во: Економија 13 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Во присуство на бројни гости, традиционално во рамки на манифестацијата „Македонски квалитет“, беа прогласени десетте добитници на признанието за 2019 година, кое го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот на државата.

Добитници се компании од повеќе сектори од бизнис светот, но и образовна институција и КУД Мирче Ацев.

Признанијата ги доделија претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, како и претставници на претседателството на Сојузот.

Добитници на признанијата оваа година се КУД Мирче Ацев, компанијата „Типи Груп“, финансиската компанија „Бироком“ од Кичево, транспортната компанија „Беда логистик“, фармацевтската компанија „Фитофарм“, фирмата за управување со отпад и рециклирање „Евросуровина ПА“, првата приватна образовна установа, гимназијата „Нова“, потоа „Кривогаштани промет“, градежната компанија „Настел“ и компанијата за селектирање отпад „Пакомак“. 

Претставниците на компаниите се збалагодарија на доделените признанија.

„Зад себе имаме долгогодишно искуство, впрочем работиме повеќе од 17 години и сме изградиле 37 големи објекти. Најновиот, деловниот центар ќе биде најголем во центарот на градот и еден украс на метрополата. Граден е со најсовремени најквалитетни материјали, со зелен мермер. Ги исполнува сите стандарди и е граден по највисоките критериуми за ИТ индустријата, рече сопственикот на Настел Зоран Азманов.

Претседателот Пендаровски им се заблагодари на компаниите и рече дека е добро што ги има од повеќе сектори.

„Убеден сум дека сите ние споделуваме заедничка визија за економски просперитетна и развиена држава. Вие сте носители на нашата национална економија и би сакал да ве охрабрам и понатаму да создавате квалитет. Како амбасадори на македонскиот бренд, ја имате мојата безрезервна поддршка во насока на унапредување и промоција на македонскиот квалитет, рече Пендаровски.

Оваа манифестација се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските претставници на национален бренд за тековната година, при што секоја година се доделуваат 10 признанија за Македонски квалитет, велат од Сојузот на стопански комори.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката