26 Април, 2024
0.0307

Денеска се отвора бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“, најавен масовен протест

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Бугарија денеска по „Иван Михајлов“ во Битола, ќе отвори уште еден културен клуб со контроверзно име поврзано со фашизмот - „Цар Борис Трети“ со седиште во Охрид.„Левица“ објави дека организира протест против свеченото отворање на вториот бугарски културен клуб. Здружението-основач го одреди датумот на само четири дена пред Денот на народното востание против фашистичкиот окупатор во Македонија и државен празник 11 Октомври. Клубот се отвора без позитивно мислење од Министерството за правда, а како организатор на денешниот протест се пријави Левица.

„На 7-ми октомври (петок) со почеток од 11 и 30 часот на улица „Македонски Просветители“, пред ТЦ Амам - Охрид, да се мобилизираме и да го искажеме нашиот антифашистички порив.

Поради отворањето на контроверзното здружение именувано по фашистичкиот државник, слуга на Хитлер и борец против македонизмот „Цар Борис III“, Левица - Охрид ја повикува целокупната здраворазмуна јавност на протест против уривање на уставниот и државен поредок на Република Македонија и против разгорувањето на национална омраза!

Да го зачуваме достоинството на македонската нација и споменот на македонските антифашистички борци и да не дозволиме рушење на интегритетот на државата!“, повикува „Левица“.

Партијата го нарече Цар Борис Трети „бугарски Хитлер“ а за Владата вели дека ја подржува рехабилитацијата на фашизмот.

ВМРО-ДПМНЕ го поддржа денешниот протест, но со поумерени изјави. 

За Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, утрешното отворање на новиот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“ е провокација и повика на масовен протест во Охрид. Опозицискиот лидер сепак им порача на граѓаните да протестираат достоинствено и мирно. 

„ Дека е провокација, не е сомнено. Груба провокација, резултат на тоа што ние како ВМРО го збориме цело време. Не станува збор за процес на интеграција, туку на асимилација, за уништување на македонскиот идентитет. Ова што денеска се случува е шокантно за Македонците, но и Евреите. Тука не гледам никаква потврда Договорот за пријателство да го нарекуваме вака. Тоа што го прават бугарската Влада и добрососедство, нема никаква врска со пријателство“, рече Мицкоски како одговор на новинарско прашање.

Oтворањето на клубот го осуди и Еврејската заедница во Македонија, која aktot го нарече „повампирување на ликови од фашистичкиот период на Бугарија“.

Министерство за надворешни работи (МНР) повика на зрело и достоинствено однесување на утрешниот протест, без „да се негираат правата и слободите на другите“.

„По повод најавеното отворање на новото здружение на граѓани во Охрид, како и јавните повици за изразување на протест против истото, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија упатува апел до сите граѓани, политички и неполитички групации за зрело и достоинствено однесување, втемелено врз почитта кон правото на сите граѓани, без разлика на својата етничка припадност, да ја остваруваат својата уставно загарантирана слобода на здружување и за слободно изразување на својот став“, објави вчера МНР.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, се огласи со порака дека намерата на отворањето е да се случи инцидент и ја повика јавноста да го игнорира настанот.

„Целта на инспираторите на овој валкан напад би била остварена само тогаш кога и клубот “Цар Борис Трети“ би бил оштетен, запален или уништен. Затоа, колку и да е тешко да се одолее на оваа силна и провокативна дразба сепак најдобар лек за неа е “целосен игнор“. Целосно игнонирање од граѓаните но и целосно игнорирање од медиумите. А државата час поскоро да воспостави легални механизми со кои ќе стопира отворање на клубови со имиња на неспорни фашисти, крвници на македонскиот народ и непријатели на човештвото“, напиша Ангелов на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени