29 Март, 2024
0.0284

Денеска е последен ден за трошење на платежните картички, остануваат многу неподигнати

Објавено во: Економија 15 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска официјално истекува рокот за трошење на домашната платежна картичка на оние граѓани што ги исполнија условите од оваа мерка што беше дел од третиот пакет-мерки на Владата за поддршка на економијата, а воведен поради корона-кризата.

Банките имаа рок да ги издадат до 18 јули, а граѓаните може да ги искористат најдоцна до денеска, додека вчера беше последниот работен ден за нивно подигнување за оние кои се уште ги немаа превземено од банките. 

Заклучно со 7 август, според податоците кои ги добивме од Министерството за финансии, биле подигнати 310.121 платежни картички, што е за 5.188 повеќе во однос на стартот на месецот, во вкупен износ од 27.106.094 евра. На подигнатите картички за трошење има уште неколку милиони евра.

За домашна платежна картичка беа впишани над 324 илјади граѓани, во четири категории.  Заедно со прифатените приговори имаше 333.697 корисници вкупно заведени во Министерството за финансии.

До сега ја искористиле 116.268 невработени во износ од 1,046 милијарди денари, како и 109.363 граѓани со низок приход во вредност од 328 милиони денари. Ја подигнале и 80.451 млади лица на чија сметка имало 241,3 милиони денари и 4.039 медицински лица со 51,2 милиони денари.

Антикризната мерка имаше за цел да се пуштат во оптек поголема количина средства во економијата со купување домашни производи и услуги, заради поддршка на потрошувачката за време на стагнацијата предизвикана од коронавирусот.

Картичките ги издаваа девет банки, а тоа го почнаа од почетокот на јуни. Некои од нив ги испраќаа до домашна адреса, а дел ги информираа граѓаните кога им е изготвена картичката за во одреден ден во одредена локација да отидат и да ја подигнат, со цел да не се создава метеж во експозитурите и да се заштити здравјето на граѓаите и на вработените. 

Според последните податоци, најголемиот дел од нив се трошеа по маркетите, а најголема еднократна помош - 9.000 денари добија социјалните категории и невработени што се активни баратели на работа и кои остваруваат низок доход

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?