Денеска 400 новозаболени, починале 11 лица
Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2021
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.327 тестирања, а регистрирани се 400 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-198, Куманово-28, Тетово-16, Прилеп-14, Гостивар-9, Штип-8, Битола-7, Велес-14, Охрид-12, Струмица-7, Кавадарци-19, Струга-7, Кочани-5, Кичево-8, Гевгелија-1, Неготино-2, Дебар-10, Ресен-4, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Берово-3, Делчево-8, Пробиштип-6, Македонски Брод-2, Крушево-2, Македонска Каменица-1, Демир Капија-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 206 оздравени пациенти.
Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (82, 63, 75, 74 и 53г.), еден пациент од Битола (66г), од Струмица (70г.), Кавадарци (55г), еден пациент од Струга (77г), еден од Кочани (71г) и еден од Пехчево (71г.). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.392, бројката на оздравени пациенти е 73.983, на починати е 2.726, а бројот на активни случаи изнесува 12.683.