ДЕНАРОТ И БАНКАРСКИОТ СЕКТОР ОСТАНАА СТАБИЛНИ И ПОКРАЈ ПРЕДИЗВИЦИТЕ – мерките на НБРМ придонесоа за раст
Објавено во: Финансии 17 Мај, 2025 13:59
Деновиве актуелна е неизвесноста околу изборот на идниот гувернер/ка на Народната банка на Македонија. Во јавноста веќе беа објавени имињата на неколку кандидати кои се во „тесна трка“ за гувернерската позиција.
Фактор веќе објави кои се стручњаците кои се во игра за оваа позиција, и станува збор за веќе добро познати имиња во земјава.
Денеска може да потестиме што се случуваше во изминативе 7 години во НБРМ? Изминатите 7 години Народната банка се соочи со серизни глобални шокови кои неминовно се одразија и на нашата економија. Сепак, како институција Народната банка успешно се справи со сите предизвици, успеа да ја зачува стабилноста, а тоа го оценија, препознаа и потврдија сите меѓународни институции.
Накратко, денарот остана стабилен, немаше девалвации, значајно се зголемија девизните резерви иако имаше многу шпекулации во однос на курсот на денарот и во однос на состојбата со девизните резерви.
Исто така имаше и шпекулации, општо за стабилноста на банкарскиот сектор, но се покажа дека тој не само што остана стабилен, туку и дополнително се зајакна и се усогласи со европските правила и директиви. За ова, доби и официјлна потврда од Евопските институции и Светската банка.
Мора да се напомене дека од изминатите седум, во макроекономското опкружување, во економијата во целост, речиси 3 години големо влијание имаше само Ковид кризата, по која следеа и други шокови, што преставуваше дополнителен предизвик за задржување на стабилноста.
Покрај што ја задржа стабилноста во овие кризни времиња, институцијата го засили својот меѓународен углед, меѓудругото и преку одржување и зајакнување на транспарентноста, која беше високо оценета. Тоа се направи и со значајно унапредување на статистиката, односно унапредувањето на квалитетот на податоците, за што Народна банка беше 18-та земја во свет која го постигна највисокиот статистички стандард на ММФ.
Она што најмногу го засега бизнисот е целосното усогласување на регулативата од платежната сфера со еврпската, што беше предуслов за да станеме земја членка на СЕПА. Ова значи поефтини трансакции за бизнисот и граѓаните, а се поддржува и дигиталната трансформација на финансискиот систем и се воведува зголемена конкуренција.
Во овој контекст Народната банка ја донесе и првата национална Стратегија за финансиска писменост и инклузија, со фокус на родовата еднакавост.
Инаку Народната банка е светски лидер по застапеноста на жените во раководните структури. Покрај гувернерката која е прва жена гувернер во нашата историја има и две жени вицегувернерки.
Можеби ќе ве интересира
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете
ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно
ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари
ОРЦЕ ГО ЗАТЕГА ЌЕСЕТО: Се намалуваат надоместоците за членовите на управните и надзорните одбори
„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи




