12 Мај, 2025
0.0264

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Објавено во: Финансии 22 Април, 2024 09:49

Добивај вести на Viber

Сите апели и совети, сите мерки на градење на доверба, но и сите стимулации изразени во поглед на повисока каматна стапка, изгледа дека конечно вродија плод, па денарите кои македонските граѓани ги чуваат во домашните банки, успеаја да ја надминат странската валута, или генереално еврата.

Најновите податоци за штедните влогови на нашето граѓанство кои во петокот ги објави Народна банка на Македонија, говорат дека домаќинствата конечно, можеби и за прв пат во историјата на земјава, во домашните банки повеќе чуваат денари отколку евра. Па, иако станува збор за мала и можеби незначителна разлика, факт е дека заштедите во денари сега се на поголем износ од оној што го чуваат домашните банки во странска валута.

Или, изразено низ бројки, на крајот на март годинава, за кога е последниот податок на централната банка, домаќинствата во домашните банки во денари чувале 2,888 милијарди евра, наспроти 2,879 милијарди евра колку што изнесувале депозитите во странска валута. Односно, разликата е скромни 8,5 милиони евра на страната на денарите, што е иако мала сума, но сепак можеби говори за еден позитивен тренд за штедење во домашната валута.

А, денарите и повеќе пораснале во март во однос на февруари годинава, наспроти штедењето во странска валута, каде што е регистриран пад.

Или, според бројките на НБМ, заштедите на домаќинствата во денари се зголемени за 17,6 милиони евра во текот на март, додека, пак, кај странската валута има намалување за 9,8 милиони евра.

Или, сума сумарум вкупните депозити на домаќинствата во март имаат зголемување за 7,9 милиони евра во однос на февруари.

А, штедењето во денари е многу поисплатливо од она во евра.

Причина за тоа се повисоките каматни стапки на денарското штедење, кои со неколку мерки на НБМ беа дополнително стимулирани.

Па така, за орочени денарски депозити на три години нашите банки сега нудат камати отприлика околу 2,3 проценти, додека за штедење во евра истата таа камата за орочен влог е 1,3 проценти.

Домаќинствата во март во домашните банки вкупно имале сума од 5,768 милијарди евра.

„Во март, вкупните депозити на домаќинствата се повисоки  за 0,1 отсто и 8,7 отсто на месечна и на годишна основа, соодветно. Растот кај двете основи се должи на повисоките долгорочни депозити и депозитните пари, во услови на забележан пад на краткорочните депозити“, се вели во соопштението од централната банка.

Н.Н.Ф.   

Можеби ќе ве интересира

ЛЕТЕЧКА ПАЛАТА ЗА ТРАМП: Кралското семејство на Катар го почести Трамп

ЛЕТЕЧКА ПАЛАТА ЗА ТРАМП: Кралското семејство на Катар го почести Трамп

СИТЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЗНААТ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ: Се воведува нов закон, транспарентноста на платите ќе биде задолжителна

СИТЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЗНААТ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ: Се воведува нов закон, транспарентноста на платите ќе биде задолжителна

ПОЧЕТНА ПЛАТА 8.000 ЕВРА! Пратениците се со полни паричници, еве колку заработуваат во Германија

ПОЧЕТНА ПЛАТА 8.000 ЕВРА! Пратениците се со полни паричници, еве колку заработуваат во Германија

КРАЈ ЗА АИРБНБ? Градови низ целиот свет воведуваат забрани - Балканот е следниот на удар

КРАЈ ЗА АИРБНБ? Градови низ целиот свет воведуваат забрани - Балканот е следниот на удар

ЦЕЛА НИЗА НОВИ ДАНОЦИ И ПРОПИСИ: Ако патувате во Грција, бидете внимателни - воведени се многу построги правила

ЦЕЛА НИЗА НОВИ ДАНОЦИ И ПРОПИСИ: Ако патувате во Грција, бидете внимателни - воведени се многу построги правила

БИЗНИС ОД СОНИШТАТА: Заработија 318.000 долари за еден месец благодарение на камерите

БИЗНИС ОД СОНИШТАТА: Заработија 318.000 долари за еден месец благодарение на камерите

НАРОДНАТА БАНКА ЌЕ БИДЕ ОВЛАСТЕНА КАКО ОРГАН ЗА РЕШАВАЊЕ НА БАНКИ - министерката Гордана Димитриеска-Кочовска во новото издание на банкарскиот е-билтен

НАРОДНАТА БАНКА ЌЕ БИДЕ ОВЛАСТЕНА КАКО ОРГАН ЗА РЕШАВАЊЕ НА БАНКИ - министерката Гордана Димитриеска-Кочовска во новото издание на банкарскиот е-билтен

КОЈ ПЛАТИ 152 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - поминаа два блока, ова е цената на акцијата

КОЈ ПЛАТИ 152 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - поминаа два блока, ова е цената на акцијата

СРПСКАТА АЛТА БАНКА ЈА „ПИКИРА“ СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - ова се деталите

СРПСКАТА АЛТА БАНКА ЈА „ПИКИРА“ СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - ова се деталите