22 Март, 2023
0.0198

ДЕНАРИТЕ СЕ ВРАТИЈА ВО МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ – во декември раст за дури 150 милиони евра

Објавено во: Финансии 23 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Денарите се вратија во македонските банкарски канали. Овој заклучок може слободно да се извлече ако се погледнат најновите податоци што ги објави Народна банка на Македонија, кои говорат дека само во декември лани, во домашните банки влегле нови заштеди во денари од базата на домаќинствата за дури 150 милиони евра!

Да одиме со ред, што всушност покажуваат најновите бројки на централната банка.

На крајот на декември лани, во домашниот банкарски сектор кој брои 13 банки, граѓаните и компаниите чувале близу осум милијарди евра.

Односно, на крајот на декември вкупните депозити во банките биле на ниво од 7,992 милијари евра.

Во однос на еден месец претходно, тоа е зголемување за дури 202 милиони евра, односно во октомври во однос на ноември.

Да ги погледнеме заштедите на домаќинствата, главниот мотор на штедењето и клучните извори на депозити на банките.

Овде треба да се напомене дека штедните влогови на граѓаните од пред неколку месеци ја надминаа границата од пет милијарди евра, достигнувајќи на крајот на декември лани сума од 5,25 милијарди евра. Во однос на ноември тоа е зголемување за близу 139 милиони евра, што е причично солиден месечен пораст.

Но, она што е прилично фасцинантно и охрабрувачки е дека во декември всушност растеле само денарските заштеди, наспроти оние во странска валута, каде е регистрирано дури и намалување.

Или, податоците на НБМ покажуваат дека на крајот на декември лани денарските влогови достигнале износ од 2,52 милиони евра, што е пораст за дури 148 милиони евра во однос на претходниот месец.

Додека, пак, кај штедните влогови кои се чуваат во странска валута и кои сеуште се на вкупна поголема сума од денарските, во декември минатата година било регистрирано намалување, за 9,5 милиони евра.

Ова значи дека во декември 2022 година, не само што во банките влегле нови 139 милиони евра како влогови во денари, дадени на доверба на банкарскиот сектор, туку и 10 милиони евра се конвертирале од евра во денари.

Денарските влогови со сегашната сума од 2,52 милијарди евра, се дури поголеми и во однос на декември 2021 година, кога војната во Украина и не беше ни започната, што практично значи дека се вратиле на предвоеното ниво.

Како што е познато, Народна банка на Македонија во повеќе наврати ја зголеми основната камата, а презеде и серија мерки со цел токму да се стимулира денарското штедење, односно банките да даваат повисоки камати на денарските штедни влогови.

Тоа и беше причина што банките ги зголемија во неколку наврати каматните стапки на денарските депозити, а заедно и со успешните пораки на НБМ дека девизниот курс на денарот е стабилен, вроди со плод и веројатно тоа се главните причини што граѓаните, односно домаќинствата, ги вратија своите штедни влогови во банките во домашната валута.

Тоа следува откако неколку месеци претходно, особено откако почна војната, а инфлацијата драматично се зголеми, граѓаните беа сензитивни и повлекуваа од своите денарски заштеди во банките, за што улога секако и изигхра вложувањето на пари во станови, што, пак, драстично го поскапе станбениот квадрат, особено во главниот град на земјава.

Сепак, каматние стапки на депозитите сеуште се ниски и дестимулативни за штедачите, особено ако се направи споредба со далеку повисоките камати на кредитите кои ги одобруваат банките.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ШТО ЗНАЧИ ДОБРА ПЛАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Колкава е просечната?

ЕВЕ ШТО ЗНАЧИ ДОБРА ПЛАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Колкава е просечната?

ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ - швајцарската Влада и централна банка досега за УБС и Кредит Свис обезбедија 260 милијарди франци

ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ - швајцарската Влада и централна банка досега за УБС и Кредит Свис обезбедија 260 милијарди франци

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СКЕНИРАЧИТЕ НА ФИСКАЛНИ, ОСОБЕНО ЗА ПОБОГАТИТЕ - прагот за поврат преку МојДДВ се зголемува на 2.100 денари

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СКЕНИРАЧИТЕ НА ФИСКАЛНИ, ОСОБЕНО ЗА ПОБОГАТИТЕ - прагот за поврат преку МојДДВ се зголемува на 2.100 денари

ЊУЈОРШКА БАНКА ГО КУПУВА ГЛАВНИОТ ДЕЛ НА SIGNATURE BANKI - сумата изнесува 2,7 милијарди долари

ЊУЈОРШКА БАНКА ГО КУПУВА ГЛАВНИОТ ДЕЛ НА SIGNATURE BANKI - сумата изнесува 2,7 милијарди долари

ИТЕН СОСТАНОК ВО ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА - се собираат членовите на Надзорниот одбор, тема се потресите на пазарите

ИТЕН СОСТАНОК ВО ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА - се собираат членовите на Надзорниот одбор, тема се потресите на пазарите

СЕ ЈАВИ ТРИФУН КОСТОВСКИ, ПОРАНЕШНИОТ ГАЗДА: Зградата на бившата Еуростандард банка не смее да биде подолу од 12 милиони евра

СЕ ЈАВИ ТРИФУН КОСТОВСКИ, ПОРАНЕШНИОТ ГАЗДА: Зградата на бившата Еуростандард банка не смее да биде подолу од 12 милиони евра

ПАНТЕЛЕОН ГС ЈА КУПУВА ЗГРАДАТА НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА? Понудивме 5,37 милиони евра - се очекува одобрување од Собранието на доверители

ПАНТЕЛЕОН ГС ЈА КУПУВА ЗГРАДАТА НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА? Понудивме 5,37 милиони евра - се очекува одобрување од Собранието на доверители

ПАРИТЕ НА НАШИТЕ БАНКИ СЕ ГЛАВНО ДОМА, БЕЗБЕДНИ СЕ ЦЕЛОСНО ОД ПОТРЕСИТЕ НАДВОР - гувернерката Ангеловска-Бежоска за Фактор

ПАРИТЕ НА НАШИТЕ БАНКИ СЕ ГЛАВНО ДОМА, БЕЗБЕДНИ СЕ ЦЕЛОСНО ОД ПОТРЕСИТЕ НАДВОР - гувернерката Ангеловска-Бежоска за Фактор

КОЛКУ СЕ ГОЛЕМИ И МОЌНИ НАШИТЕ БАНКИ, ФАКТОР СО НАЈНОВИ БРОЈКИ - еве ја активата, НБМ вели „Пропаста на СВБ ништо не им може“

КОЛКУ СЕ ГОЛЕМИ И МОЌНИ НАШИТЕ БАНКИ, ФАКТОР СО НАЈНОВИ БРОЈКИ - еве ја активата, НБМ вели „Пропаста на СВБ ништо не им може“