ДЕМИРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕТО НА ЛЕОНИД ИНДОВ: Ќе се распрашам и ќе видам дали е финализирано плаќањето
Објавено во: Македонија 22 Април, 2024 16:14
Владата донесе заклучок со кој ги презема трошоците за лекувањето на Леонид Индов.
„Владата на една од изминатите седници донесе заклучок со кој ги презема трошоците за лекување на Леонид Индов“, потврди денеска министерот за здравство Илир Демири.
Вели дека е даден налог и тоа треба да е завршено како процедура и да е финализирано.
„Сепак, утре има седница на Влада, ќе се распрашам и ќе видам дали е финализирано плаќањето за лекувањето на нашиот сограѓанин Леонид Индов“, рече Демири.
Кон крајот на минатиот месец Демири се сретна со семејството на Леонид кој се повреди на летување во Калитеа во Грција и остана врзан за кревет.
Првостепената комисија на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ) го одби барањето за лекување на младиот Леонид Индов во болница во Австрија затоа што според Правилникот на ФЗОРСМ за начинот на користење здравствени услуги на осигурените лица во странство медицинска рехабилитација не е на товар на Фондот.
Сепак, државата сѐ уште не го платила лекувањето на Леонид Индов во Австрија, а семејството моли за реакција.
Ако не се платат 140 илјади евра до почетокот на мај, тогаш младото момче ќе мора да се врати во Македонија, вели неговиот татко во разговор за Телма.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




