15 Декември, 2025
0.3707

Деловни банки ги спасуваат јавните претпријатија од пропаѓање

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2025 11:33

Добивај вести на Viber

Владата пред еден месец на седница ја разгледувала можноста јавното претпријатие „Национални шуми“ да се задолжи со кредит кај домашна деловна банка за да ја подобри ликвидноста во своето работење. Ова е запишано во записникот од седницата, но не се споменува за колкава сума на заем станува збор. За таа цел било решено да биде одобрена и државна гаранција.

Со тоа ова јавно претпријатие ќе го следи примерот на АД ЕСМ, кој кај четири домашни банки се задолжи со вкупно 80 милиони евра  Единствениот аргумент на Владата минатата година во октомври беше дека ЕСМ со добро менаџирање на подолг рок ќе застане на здрави нозе и дека ќе може да го отплаќа назад заемот.

„Владата ја разгледа Информацијата за издавање на државна гаранција на обврските на Јавно претпријатие за стопанисување со државните шуми Национални шуми П.О. - Скопје кои произлегуваат од Договорот за одобрување на долгорочен кредит од Комерцијална банка АД Скопје, со Предлог-одлука, ја усвои Информацијата и ја донесе Одлуката за издавање на државна гаранција на обврските на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални шуми“ П.О. - Скопје кои произлегуваат од Договорот за одобрување на долгорочен кредит од Комерцијална банка АД Скопје, со заклучок текстот на истата редакциски да се усогласи со Секретаријатот за законодавство“, пишува во разгледувањето на една од точките.

Инаку на крај на август минатата година, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од државниот буџет во еден ден му префрли 250 милиони денари (околу 4 милиони евра) на „Национални шуми“ за да може да додели плати за вработените и да продолжи да работи. Тогаш министерството префрли и 100 милиони денари за АД Водостопанство, иако овие претпријатија треба да се самофинансираат.

Кај деловна банка задолжена беше и АД „Пошта“, но директорот Орхан Куртиши околу Нова година објави дека тој долг е предвреме вратен за да се намали трошокот за плаќање камати. Сепак, сега произлегува дека „Пошта“ нашла пари со тоа што со посредство на Владата добивала позајмици од други претпријатија. Ова е објавено од истата владина седница на 10 декември 2024. Се барале позајмици од 2,5 милиони евра.

„Владата по повод укажувањето на Александар Николоски, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за транспорт, а во врска со неповолната финансиска состојба во која се наоѓа Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје, заклучи Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје, во државна сопственост и Акционерското друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем, во државна сопственост (МЕПСО), да изнајдат начин во рамки на своите можности заедно да обезбедат финансиски средства во вкупен износ од 150.000.000,00 денари, како позајмица за работење на Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје“, пишува во точката.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година