13 Декември, 2025
0.0420

ДЕЛ ОД ТУРСКИТЕ СТУДЕНТИ КУПИЛЕ СТАНОВИ ВО ШТИП: Останатите бараат средени живеалишта под кирија

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2024 10:37

Добивај вести на Viber

Дел од турските студенти кои се образуваат во Штип купиле станови во кои ќе престојуваат, а другите бараат станови и куќи под кирија кои се добро уредени.

На почетокот на месецов во јавноста се појави информација дека 10 отсто од становите во Штип ги купиле странски државјани, а меѓу нив има и Турци. Во други медиумски извештаи е наведено дека во последниве две години странците покажале поголем интерес за купување на станови во градот под Исарот.

Имам слушнато, ама не сум имал клиенти од Турција. Мислам дека тие купувачи не се причина за раст на цените, туку  тоа е општ тренд. Имотни луѓе има секаде, кои имаат планови, знаат дека на недвижност нема да изгубат и по 5 или 10 години. Може да го продаде станот кога ќе сака и да ги извади парите“, велат од агенција за недвижен имот во Штип.

Од друга агенција за недвижен имот во Штип објаснуваат дека становите ги купуваат луѓе од повеќе македонски градови. Штип за нив е атрактивен за поседување на недвижност.

„Можеби некој од турските студенти има купено стан, ама тоа не е толку застапено. Тоа се поединечни случаеви. Повеќето се сместени под кирија.  Јас лично не сум имала клиент од Турција што купил имот, туку изнајмуваат. Бараат подобро да е наместено. Тие готват, цело време се тука  и сакаат сè да имаат на располагање за живот. Бараат посебни услови за разлика од нашите студенти. Можат повеќе да си дозволат финансиски. Станови купуваат и луѓе од други градови, па дури и скопјани. Нашите кирии се приближно како скопските, а становите се поевтини од тие во Скопје. Има купувачи од кочанските села, од Виница, тој дел од истокот, струмичани не купуваат, не знам зошто. Зачестеното купување станови е поради тоа што Штип е универзитетски град, а има луѓе што сакаат да инвестираат“, велат од агенцијата за недвижен имот Флорида импекс од Штип.

Цените за квадрат се движат по 1.100, 1.200 до 1.300 евра. За големите станови интересот е помал, а купувачите најчесто бараат помали станови.  Податоците на даночното одделение покажале дека во 2022 и 2023 година во Штип се продадени 650 станови.  Во групите на социјалните мрежи каде се разменуваат информации за изнајмување на сместување, турските студенти нагласуваат дека бараат нови, луксузни станови и пишуваат колкава кирија се спремни да платат. 

Сања Атанасовска

foto Wikipedia/Germanikos

Можеби ќе ве интересира

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?

АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?

ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст

ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст

ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила

ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила

Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел

Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс

Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон