24 Април, 2025
0.0313

ДЕКЕМВРИ ЌЕ ЈА ЗАПОЧНЕ ЗИМАТА КЛАСИЧНО, ЈАНУАРИ ЌЕ ГО ДОСТИГНЕ ВРВОТ, А ФЕВРУАРИ ЌЕ ЈА ЗАВРШИ ЗИМАТА СО УМЕРЕН СТУД: Еве што ни носи зимово „Ла Ниња“

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2024 07:40

Добивај вести на Viber

До крајот на летото се очекува југозападниот дел на Македонија да има потопли и малку повлажни услови, додека остатокот од земјата ќе има температури во рамките на просекот. Се очекува дека нивото на врнежите ќе остане просечно

Септември ќе биде потопол од просекот, со температури од 1-3°C над нормалата. Врнежите ќе бидат просечни, а посвежите ноќи ќе помогнат во балансирањето на топлината,  вели за „Слободен печат“ професорот на Природно-математичкиот факултет Владо Спиридонов. Според него ќе имаме блага есен и зима карактеристична за овие предели.

Летото започна со екстремна топлина во југоисточна Европа, вклучително Македонија, поради висок притисок и топлотни бранови од Африка. Јули беше особено топол, со температури над 42°C. Климатските промени ја интензивираа топлината и сушите, влијаејќи на земјоделството и водоснабдувањето, и доведоа до зголемени шумски пожари и неповолни временски појави – вели Спиридонов.

Што се однесува до прогнозата  за крајот на летото, професорот вели дека септември ќе биде потопол.

– Иако прогнозите имаат ограничени временски рамки, тие се клучни за планерите и институциите, вклучувајќи го Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и владините тимови за управување со кризи. Редовните ажурирања и билтени со анализи и сезонски прогнози се од суштинско значење за процена на временските ризици и подготовка за потенцијални негативни влијанија. Иако се помалку прецизни поради природата на атмосферските процеси, овие прогнози даваат општ преглед на потенцијалните временски сценарија кои би можеле да влијаат на економијата, безбедноста и одржливиот развој на нашиот ранлив регион – вели Спиридонов.

Тој објаснува дека е неопходно воспоставувањето на современ центар за рана најава на повеќестепени хазарди, со цел носење превентивни мерки неколку денови однапред, како би се ублажиле негативните последици. Еден таков систем за прогноза и најава на опасност од пожари до 15 денови однапред, се развива од експерти од ПМФ и ФИНКИ.

До крајот на летото се очекува југозападниот дел на Македонија да има потопли и малку повлажни услови, додека остатокот од земјата ќе има температури во рамките на просекот. Се очекува дека нивото на врнежите ќе остане просечно. Како што напредува септември, се очекува да се намалуваат продолжените летни горештини поради пократките дневни часови. Ова ќе резултира со поизразени температурни флуктуации, со умерени дневни температури и ублажување на некои од негативните ефекти од летните климатски варијации и промени.

 Во однос на врнежите се прогнозираaт во рамките на просечните сè до крајот на летото. Просечната месечна сума врнежи за Скопје за месец септември изнесува 44.1 мм. За врнежите нема отстапување од просечните за овој месец, освен во јужните делови каде се забележува дефицит (-0.2 до -0.4 мм) и појава на суши. Според овој модел, месец септември ќе биде повлажен (0.2 до 0.4) на југозапад, а за останатите области нема отстапување – вели професорот.

За зимскиот период вели дека Европа ќе доживее зима под влијание на слабата фаза Ла Ниња, која носи постудени услови и нестабилен поларен вител.

Овие климатски модови ќе придонесат во формирање на центри со изразен висок притисок над северниот Пацифик, како и области со низок притисок над Канада, северниот дел на САД и над југозападна Европа. Овој шаблон на циркулација ќе ја зголеми веројатноста за транспорт на поладен атлантски воздух и снежно време во Европа.

Во декември зимата ќе започне со малку пониски температури од минатата година. Раниот студен период и кратките врнежи ќе создадат класично зимско чувство, особено на планините. Најстудениот месец јануари се очекува да биде со температури во интервалот од -8°C до 0°C.  Во првата половина се очекува значително поладно време, чести врнежи и умерени до силни мразови. Просечни температури во февруари ќе бидат околу 4°C со поголеми флуктуации. Врнежите ќе бидат умерени, со постуден крај на зимата во однос на лани.

– Зимата 2024-25 ќе донесе традиционални зимски услови со пониски температури и зголемени врнежи, кулминирајќи со класично зимско искуство. Декември ќе ја започне зимата на класичен начин, јануари ќе го достигне врвот со постудено време и врнежи, додека февруари ќе го заврши зимскиот циклус со умерен студ и помалку врнежи, но сè уште понеповолни услови во споредба со минатата година. Оваа  зима, иако според сезонските прогнози на Европскиот Центар за среднорочна прогноза во Рединг (ECMWF) се очекува да биде поблага, ако се повтори синоптичко-динамичкото сценарио во услови на Ла Ниња и слаб поларен вител со нестабилна млазна струја, ветува да биде полна со предизвици, карактеризирана и со повремени студени циклуси и типични зимски пејзажи, барем на планините – вели Спиридонов.

Фото: Пиксабеј

Можеби ќе ве интересира

СЕ ЈАВИЛА ПО ТЕЛЕФОН СО ВРИСОЦИ: Исчезна 35 годишната Симона Стојкова

СЕ ЈАВИЛА ПО ТЕЛЕФОН СО ВРИСОЦИ: Исчезна 35 годишната Симона Стојкова

ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Наредната недела од болница ќе бидат испишани тројца

ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Наредната недела од болница ќе бидат испишани тројца

НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Дрво падна на улица и го попречи сообраќајот

НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ: Дрво падна на улица и го попречи сообраќајот

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДКСК ОСТАНА БЕЗ ПАСОШОТ: Определени се и други мерки на претпазливост

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДКСК ОСТАНА БЕЗ ПАСОШОТ: Определени се и други мерки на претпазливост

ПРИЛОЖИЛ ЛАЖНИ ИТАЛИЈАНСКИ ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА: Koсовски државјанин е приведен на Блаце

ПРИЛОЖИЛ ЛАЖНИ ИТАЛИЈАНСКИ ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА: Koсовски државјанин е приведен на Блаце

(ВИДЕО) КРАДЕЦ ОГРАБИ МАНАСТИР ВО КРИВОГАШТАНИ: Кој ќе го препознае лицето да пријави во манастирскиот одбор

(ВИДЕО) КРАДЕЦ ОГРАБИ МАНАСТИР ВО КРИВОГАШТАНИ: Кој ќе го препознае лицето да пријави во манастирскиот одбор

Истрагата во случајот „Адитив“ ја опфати и претседателката на Антикорупциска комисија, повикана е на распит во суд

Истрагата во случајот „Адитив“ ја опфати и претседателката на Антикорупциска комисија, повикана е на распит во суд

ВМРО-ДПМНЕ: Битиќи да каже зошто чувал класифицирани информации во домашен сеф

ВМРО-ДПМНЕ: Битиќи да каже зошто чувал класифицирани информации во домашен сеф

Љутков: Не можам да исплатам нова плата без поддршка од Министерството за финансии

Љутков: Не можам да исплатам нова плата без поддршка од Министерството за финансии