08 Мај, 2024
0.0242

Дејтон, Рамбује или Охрид за Украина?

Објавено во: Колумни 06 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Десант на Москва. Додека го читате текстов, лично Франсоа Оланд и Ангела Меркел, се на бацирака кај Путин. Францускиот претседател и германската канцеларка денес со Путин решаваат има ли почеток на крајот на кризата во Украина. Можеби грубо звучи бацирака, но тоа е релноста. Го шиканираа во Австралија. Не треба да се враќаме многу назад кога челичната канцеларка изјавуваше дека нема излегување на крај со рускиот претседател и постојано се залагаше за заострување на санкциите кон Русија. Франсоа Оланд, пак, како секој француски политичар играше ни топло ни ладно. Веројатно сака да биде како поранешниот претседател Никола Саркози, кој во блиц-дипломатијата ги сопре воените дејствија во Грузија во август 2008 година. Но жестоко ги поддржуваше санкциите против Русија. Тие кои го прогнаа Путин од Г-8 и кои и воведоа на Русија страшни економски санкции, никој пат не би го направиле тоа да не е дојдена работата на раб на поширока војна. Во САД веќе зборуваат за давање на тешко вооружување на Украина, иако Џон Кери изјавува дека и тие се за дипломатско решение. Американскиот претседател Барак Обама во понеделникот призна дека САД „посредувале во преземањето на власта во Украина“, односно насилното отстранување на претседателот Виктор Јанукович, при дадени гаранции од страна на Европа за мировно решавање на кризата, потпишани само еден ден пред тоа. Но тоа е минато. Во евентуалната војна жртва би била Евопа, а не САД. Сето ова што сега се случува личи дека се поготвува нешто кое би било како Дејтон за војната во Босна и Херцеговина или Рамбује за Косовската криза. А и нашиот Охрид може да послужи како урнек. Свежи се сеќавањата кога политичари од тежок калибар одеа кај Слободан Милошевич во предвечерието на натовското бомбардирање да го убедуваат за мирно решавање на косовската криза. Епилогот од тие акции е познат. Но Русија не е Србија. И официјално нема руски војници и оружје во Украина, иако има индиции за тоа, што значи дека кризата во Украина е од внатрешна природа, па како што не седнаа нас во Охрид, така може да се случи да ги седнат на иста маса официјалната украинска власт и сепаратистите од Доњецката и Луганската област. Тоа е она за што се залага Русија. Но таа има и своја програма за решавање на кризата. Путин им понудил предлог решение на Оланд и Меркел. Што содржи тоа не се знае. Се знае дека и овие двајцава подготвиле контра решение. Украина пак досега воошто не сакаше да седне на маса со сепаратистите од Доњецк и Луганск. Веројатно во основата на решението е Минскиот договор, но сега со малку изменети делови, бидејќи сепаратистите во меѓувреме ја проширија територијата врз која имаат контрола. Но многу поважно е како да се гарантира територијалниот суверенитет на Украина. И Путин и Оланд и Меркел се единствени околу ова прашање, се разбира без територијата на Крим. Руската програма максимум предвидува територијален суверенитет на Украина, нејзина федерализација, со промени во уставот, и давање на рускиот јазик државно значење. Украина , пак, зборува за поголема самоуправа на двата региона, но единствен државен јазик да биде украинскиот. Тоа е она што е видливо и потврдено официјално. Околу ова ќе се водат дускусии, не помалку ќе биде важна контролата на границата кон Руската Федерација, контролата на евентуалниот прекин на огнот. Минскиот договор вели дека таа граница е украинска и треба да биде контролирана од страна на Украинците. Но, на тоа се спротивставуваат сепартистите, бидејќи сега тие се контролорите на дел од таа граница. Се споменува и подготовка на воведување на мировни сили кои би биле на линијата на фронтот меѓу спротивставените страни. Работата не е едноставна. Сега се работи за чекорите. Дали прво да се затвори границата и да се повлече оружјето и евентуалните руски војници или руски доброволци, па Украина да престане да пука врз Доњецк и Лугнаск. Или пак прво прекин на воените дејства, па создавање на тампон зона, па потоа решавање на другите прашања. Никој никому не верува дека ќе се почитува договореното. Згора на тоа во Украина се уште има сили кои се залагаат за воено решение на кризата и покрај фактот што секојдневно гинат нивни војници, сепаратисти и најмногу цивилно население. Како и да е, станува збор за последниот воз на патот кон мирот во Украина. Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

Путин почнува нова шестолетка

Путин почнува нова шестолетка

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина