18 Јули, 2024
0.0278

Дефинитивно денови за паметење – Народната и забавната музика ги разгореа жештините во Кратово

Објавено во: Мои пари 08 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Топлото лето е во полн ек, а изминатиот викенд во Кратово, добрата музика на Златни Денови Кратово 2024, ја разгоре вечерната планинска ладовина во еден од најстарите македонски градови.

Народната и забавна музика во петокот и саботата ги разгореа жештините во Кратово, со прекрасните музички изведби наменети за сите присутни на настанот во овој прекрасен град во осоговскиот предел.

Во петочната летна вечер, (05.07.2024) Кратовчани и присутните гости, уживаа во традиционалниот старт на Златни Денови Кратово 2024, со настапот на Кратовските тамбураши, кои секоја година, успеваат умешно да внесат нова свежина со својата изведба на некои од најомилените народни македонски песни.

Атмосферата ја збогатија Трио Тајфа, Распеани Кичевчани, а мелосот на народната музика се разлеа и со изведбата на Мерак Меана и Мераклиите. Со вистинско мераклиско пеење, Блага Петреска, Влатко Миладиноски, Дамјан Стојаноски, Благоја Грујовски, Кате Брезева Соната, Златко Миладиноски, како и Елена и Лазар Наумови, како и секогаш успеаа да ја оживеат убавината на македонската народна музика.

А ново ниво на енергија на летната вечерна сцена на кратовскиот плоштад, донесоа и незаменливите Brass Brothers.

Секако бисер на двете вечери беше и познатата македонска водителка, Лила Филиповска.

Втората вечер од Златни Денови Кратово 2024, започна во рок стил, со настапот на кратовскиот рок бенд B.A.D., а сите присутни во еден глас пееја и танцуваа и со Ana & the Girls, како и единствениот Пајак.

Tropico Band ги размрда сите генерации со своите легендарни песни, а по полноќ под кратовското ѕвездено небо, младите уживаа со препознатливиот локален Dj Zhack, чиј диџеј сет го одбележа и крајот на годинешното издание на ова традиционално музичко доживување, кое го разубавува Кратово секое лето.

Златни Денови Кратово и оваа година со добра причина дефинитивно ќе останат денови за паметење.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЗА БИЗНИСИТЕ - Зајакнување на македонските компании за пренасочување кон соларна енергија

СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЗА БИЗНИСИТЕ - Зајакнување на македонските компании за пренасочување кон соларна енергија

Капитал ассет менаџмент рамо до рамо со врвни светски аналитички институции

Капитал ассет менаџмент рамо до рамо со врвни светски аналитички институции

ПроКредит Куманово на нова локација во строгиот центар на градот

ПроКредит Куманово на нова локација во строгиот центар на градот

Осигурајте го домот: Топлото време е совршено за релаксација, но малку невнимание треба за пожар!

Осигурајте го домот: Топлото време е совршено за релаксација, но малку невнимание треба за пожар!

Силк Роуд банка во соработка со УНДП и ИОМ нуди кредит за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност со можност за грант до 30 отсто

Силк Роуд банка во соработка со УНДП и ИОМ нуди кредит за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност со можност за грант до 30 отсто

Добро позната и најпосетувана - Која грчка плажа плени со своите карактеристики на море, планина и велелепни погледи кои пленат воздишки?

Добро позната и најпосетувана - Која грчка плажа плени со своите карактеристики на море, планина и велелепни погледи кои пленат воздишки?

Голем успех: Hisense постигна двоцифрен раст на приходите во првата половина од годината

Голем успех: Hisense постигна двоцифрен раст на приходите во првата половина од годината

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА МК ЕНДУРО ТЕАМ ВОДНО СКОПЈЕ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА МК ЕНДУРО ТЕАМ ВОДНО СКОПЈЕ

mSTART Kalimera од МТЕЛ бидејќи секој ден на море заслужува пост

mSTART Kalimera од МТЕЛ бидејќи секој ден на море заслужува пост