ДЕЦАТА СПАСЕНИ ВО КУЌАТА ВО БРЧКО СЕ ЗАРАЗЕНИ СО ПАРАЗИТИ: Биле целосно запуштени и престојувале во нехигиенски услови
Објавено во: Балкан 28 Февруари, 2025 15:07
Сите деца пронајдени во приватниот дом биле медицински
прегледани и било утврдено дека не престојувале
во хигиенски услови и дека дел од нив се заразени со паразити.
Ова денеска го соопшти Радмило Ивановиќ, вршител на должноста главен обвинител на округот Брчко, независна административна единица на северот на Босна и Херцеговина.
Последниве денови, окружната полиција Брчко уапси осум лица осомничени за трговија со луѓе, трговија со деца и занемарување деца, откако на 25 февруари во приватна куќа во Брчко беа пронајдени 31 дете, за кои властите се сомневаат дека се нивни жртви.
Ивановиќ додаде дека денеска ќе се сретне со градоначалникот на округот Брчко за да најде посоодветно и долгорочно сместување за децата, кои се привремено сместени во хотел и под надзор на социјални работници и вработени во Црвениот крст.
За притворот на првите тројца осомничени, кои беа уапсени на 25 февруари, Основниот суд на округот Брчко ќе донесе одлука денеска, додека другите петмина кои подоцна беа уапсени ќе бидат сослушани денеска, а потоа ќе се одлучи дали обвинителството ќе побара и притвор за нив, појасни тој.
„Станува збор за лица кои се изјаснуваат како родители или роднини на пронајдени деца, но обвинителството нема веродостојни податоци или докази дека децата во прифатилиштето се навистина нивни. Ова ќе го утврдиме во натамошниот тек на постапката“, рече Ивановиќ.
За кривичното дело трговија со деца е предвидена казна затвор од минимум десет години, додека за кривичното дело запуштање на деца најмногу три години, објасни на крајот ИвановиќМожеби ќе ве интересира
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка




