27 Април, 2024
0.0279

Децата кои минатата година станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“ - најсреќното дете замина со фамилијата на патување

Објавено во: Мои пари 29 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Полисата за Детско штедно осигурување минатата година претставуваше и потенцијален билет за патување во Дизниленд. Имено, сите деца кои во текот на минатата година станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“. Најсреќното дете заедно со целата фамилија овој месец отпатува во Дизниленд.


Кога соништата ќе станат реалност и детските срца ќе се исполнат со радост тоа значи дека сме ја постигнале целта. Со детско штедно осигурување „Кроациа Осигурување – Живот“, нуди ексклузивна можност да го осигурате своето дете и притоа да заштедите за неговата иднина. КОКО - Детското Штедно Осигурување е одличен начин доколку сакате на Вашите најмили да им обезбедите почетен капитал за остварување на животните цели (образование, сопствен стан, автомобил, патување од соништата, свадба...)

Ексклузивноста на овој производ се состои во неговата штедна компонента. Со полисата за Детско Штедно Осигурување Вашето дете е осигурано, а воедно и штедите за неговата сигурна иднина. Подарете му сигурна иднина на Вашето дете и овозможете му полисата КОКО да стане билет кој ќе го одведе до местото каде детските фантазии стануваат реалност.


Размислувавме за животно осигурување уште од првиот момент на раѓање на нашите деца, но одлуката да направиме полиси за Детско штедно осигурување ја донесовме минатата година и навистина со издвојување на одреден месечен износ знам дека штедам за нивната иднина а истовремено и сум спокоен дека сум направил се да ги заштитам и да ги обезбедам. Дополнително сме среќни и благодарни на Кроациа што ни овозможи да бидеме дел од магичната авантура во Дизниленд, изјави таткото Митко Прнарков.

Со Коко детското штедно осигурување, соништата не остануваат само соништа - тие стануваат незаборавни денови поминати на најсреќното место на Земјата. Секој чекор од патувањето на вашето дете - од неговата прва детска насмевка до неговите смели чекори во зрелоста - е поддржан и обезбеден.К ога станува збор за иднината на вашите деца, секој сон е важен, а секој план е чекор кон нешто извонредно.

Станува збор за повеќе од само заштеди, се работи за создавање иднина исполнета со чуда, возбуда и магични моменти.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг