14 Декември, 2025
0.2566

ДАНЕЛА РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРИ НА „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ И „ДРИСЛА“: Еве кои се причините, а неделава ќе почне со ревизија

Објавено во: Македонија 14 Август, 2024 06:30

Добивај вести на Viber

Разрешени се директорите на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Дрисла“, Мартин Ангеловски и Александар Кузинаков. Град Скопје до крајот на оваа недела почнува со спроведување вонредна ревизија во работењето на сите јавни претпријатија под негова надлежност,  објавија попладнево градските власти на официјалната страна на Фејсбук.

- Поради неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување од функцијата директор на ЈП „Паркови и зеленило“ е разрешен Мартин Ангеловски. Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје. Во ЈП „Паркови и зеленило“ е најавена и вонредна ревизија од град Скопје која треба да започне до крајот на оваа недела, се вели во објавата.

Од Град Скопје наведуваат дека исто така поради неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување денеска од функцијата директор на ЈП „Дрисла“ е разрешен Александар Кузинаков.

- За неговото работење до градот Скопје пристигнати се бројни пријави со индиции за злоупотреба и пречекорување на овластувањата за што градот Скопје веќе најави ад хок ревизија. Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје. Во ЈП Дрисла е најавена и вонредна ревизија од град Скопје која треба да започне до крајот на оваа недела, стои во објавата на Фејсбук.

Градските власти соопштија дека резултатите од спроведената ревизија ќе бидат објавени јавно, а доколку бидат констатирани и неправилности при работењето на раководните лица во претпријатијата, за нив ќе бидат известени и соодветните надлежни институции.




Можеби ќе ве интересира

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина