ДАНЕЛА АРСОВСКА МУ ПОРАЧА НА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА, препукување меѓу градоначалничката и ВМРО во Собранието на Град Скопје
Објавено во: Македонија 15 Септември, 2022 12:04
- Советниче кога лажете и кога мавтате со докуметни, ви се тресе рачето ви се мења гласот, смалете доживлјај. Кај е шпицниот градоначалник, не го гледам тука, кај се крие Мицкоски, имаме одговор на ова прашање. Немаме. Го нема нигде, се крие. Во ВМРО ДПМНЕ има многу чесни, храбри, вредни луѓе, Мицкоски не е еден од нив... - со овие зборови со обрати градоначалничката на град Скопје во одговорите на прашањата на советниците на денешната седница за советнички прашања во Собранието на Град Скопје.
Тогаш беше прекината од претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славески, кој посочи дека не треба да се споменуваат имиња на луѓе кои не се во Собранието.
- Мое е право е да спомнувам кого сакам. Како до вчера бев најдобриот градоначалник на Скопје, а откако ви го фатив директорчето со рачето во медот, одеднаш не чинам. На сите прашања ќе им дојде одговорот. Јас како што гледате не ми се тресат рацете и не ми трепери гласот. За сите овие прашања кои ги поставивте, за тој спорен тендер, има кој треба да си одговори, и одговори ќе си дојдат. Јас ќе си продолжам по патот на правдата како и досега, како што до вчера бев најдобар градоначалник. Ама Мицковски од тендер матрицата не може да излезе, како што ви е јасно зошто до вчера бев супер, а денес не чинам. Јас сум истата, и не ми извртувајте реченици. На шпицниот градоначалник ќе му кажам, да се бореше со власта, како со мене овие денови, ќе ја спасеше Македонија - кажа Арсовска.
Повторно беше прекината од Славески, дури и микрофонот беше исклучен, но Данела продолжи со своите ставови, и посочи дека кога биле фатени директорите на Мицкоски со рацете во медот, станала најлоша градоначалничка.
- Не ми дозволувате да се искажам, да го завршам говорот. Ова не се случуваше до вчера, сега го правите. Ако сака да зборува за оставки, Мицковски треба да почне од себе - порача Арсовска и дополни дека Мицковски не треба да се заканува и да не се крие.
По ова Славески најави 15 минутна пауза.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




