Данела Арсовска: Финансиска полиција и Обвинителството се во ЈП Водовод и канализација
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2022 10:12
Данела Арсовска, градоначалничката на Скопје, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 рече дека од вчера во јавното претпријатие ЈП Водовод и канализација - Скопје се врши проверка на работата од страна на Управата за финансика полиција и Основноот јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.
- По мој информации, од вчера е влезена финансиска полиција и ОЈО за организиран криминал. Си постапуваат по допрен глас, рече Арсовска на прашањето дали институциите го испитуваат случајот по оставката на директорот Златко Перински за наводно своеволие во тендерот за пречистителна станица за повеќе од 100 милиони евра.
Таа додаде дека нема да се предомисли и дека од денеска на голем број вработени во ЈП Водовод и канализација ќе им заврши договорот за работа. Таа додаде дека тие стотина луѓе биле вработени за само неколку месеци.
- Луѓе кои што одат на работа, а не си ја работат чесно, не смее да им се дава шанса да го оштетуваат буџетот. До сите јавни претпријатија беше испратена ревизија и побаравме отчетност.Да видиме колку луѓе се нововработени и работат од дома, порача Арсовска.
Засега само новата директорка Косана Мазнева од ЈП Комунална хигиена се одлучила да не им ги продолжи договорите на големиот број нововработени. Порача дека нема да си даде оставка и дека, како што вели, ќе продолжи да рбаоти без саботажи.
- Не, апсолутно, за оставка, вчера можеа да почнат од себеси и. Имам уште три и пол години без саботажи. Останува совеста на советниците на Град Скопје и нивниот разум да ги оддржат проектите, во спротивно, нивна е одговорноста.Секој може да одлучи во чиј интерес сака да работи, тие не се мои проекти, тие се на граѓаните, изјави Арсовска.
Градоначалничката порача дека со меѓународните тендери треба да се работи внимнателно, бидејќи у „порано се работело со странски пари, па сега одат луѓе по судови заради провизии“, наведе таа.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




