06 Мај, 2024
0.0236

Дали Владата најде „муниција“ за проблемите на Еурокомпозит

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

11 Октомври Еурокомпозит како фабрика од наменската индустрија за производство на оружје и муниција добива надеж дека проблемите со неисплатени плати кон вработените може да бидат решени и овој државен загубар да продолжи да работи со цел да ги покрие наталожените загуби.

Владата на вчерашната седница донесе одлука за финансиска помош која ќе ја обезбеди Министерството за внатрешни работи наменета за исплата на една плата на вработените и за репроматеријали со што треба да продолжи економската активност на Еурокомпозит.

„Владата заклучи Министерството за внатрешни работи, во рамките на договорот со Друштвотo за производство на производи со посебна намена „11 Октомври -Еурокомпозит“ АД Прилеп, во државна сопственост, да го реализира Заклучокот од 32-та седница на Владата, одржана на 19.10.2017 година, кој се однесуваше на информацијата за изнаоѓање на решение за состојбите во ова друштво во државна сопственост. Владата донесе одлука МВР да префрли финансиски средства во висина од 10.000.000,00 денари на сметка на друштвото, со цел исплата на една плата на вработените и за набавка на репроматеријали за да продолжи работењето на фабриката“, соопштија од Владата.

Претходно новиот директор на Еуркомпозит Александар Кузевски во интервју за Фактор откри дека компанијата може да се врати на патеките на успехот само со посветена и напорна работа како и во соработка со МВР и АРМ. Повеќе детали за новата систематизација или рекомпонирање на Еурокомпозит очекуваме наскоро.

Оваа исплата може да ги задоволи потребите на вработените на Еурокомпозит на краток рок и да ги прекине покренатите штрајкови.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години