Дали Викиликс конечно открива како шпионира ЦИА?
Објавено во: Свет 07 Март, 2017
Меѓународната непрофитабилна организација Викиликс објави илјадници документи, за кои тврди дека припаѓаат на Центарот за сајбер-безбедност на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) на САД.
Американските медиуми не можат да потврдат дали објавените документи се автентични.
Со ова веројатно ќе може да се „ѕирне во кујната“ на шпионажата што ја правела ЦИА, пишуваат американските медиуми.
Од ЦИА немаат коментар. Викиликс сепак, има долга историја на објавување на многу тајни владини документи, меѓу кои и стотици илјади американски дипломатски програми.
Експертот Џејк Вилијамс, основачот на консултантската компанија во областа на информатичките технологии и безбедносна „Рендишан Инфосек“, кој ги прегледал објавените документи, изјави дека тие изгледаат веродостојни.
Ако се потврди нивната автентичност, тоа ќе биде уште еден катастрофален пробив во системот на американското разузнавање, направен од Викиликс и нејзините соработници, кои постојано ги понижуваат САД со масовно објавување на доверливи материјали.