ДАЛИ УКРАИНА Е ПРЕД ТОТАЛЕН КОЛАПС, ГЕНЕРАЛОТ НАЗАОРВ ПРЕДУПРЕДУВА: „Ова е алармантен сигнал за Запад
Објавено во: Свет 03 Декември, 2023 18:36
Изјавата на
врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, за
ќорсокакот е повик за будење за западните сојузници на Киев, смета Виктор
Назаров.
Европа и САД ќе се соочат со проблеми доколку Западот престане да ја поддржува Украина, изјави генералот на вооружените сили на Украина Виктор Назаров во интервју за Си-Ен-Ен.
„Ако не можеме да ја победиме Русија, тогаш ќе има уште многу проблеми во иднина, а не само за нашата земја, мојата земја, нашето население. Проблеми ќе имаат и Европа и САД“, рече Назаров.
Тој посочи дека изјавата на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, за ќорсокакот „е сигнал за тревога за западните сојузници на Киев“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека украинските вооружени сили ќе бидат принудени да се повлечат доколку се намали поддршката од Западот.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко за швајцарскиот портал „20 Minuten“ призна дека украинската армија е во ќорсокак, изразувајќи поддршка за врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни.
„Врховниот командант на вооружените сили на Украина ја презеде одговорноста и ја објасни вистинската состојба на повеќето армиски единици и ги објасни причините за ќор-сокакот. Можеме еуфорично да ги лажеме нашите луѓе и партнери, но нема да бидеме способни да го прават тоа засекогаш“, призна Кличко.
ФОТО: EPA-EFE/STATE EMERGENCY SERVICEМожеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




