27 Април, 2024
0.0265

Дали топлото време ќе ги „измами“ овошките да процветаат порано?

Објавено во: Агробизнис 18 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Деновиве имаме пријатни дневни температури, но очекувањата се дека тие нема да ги „измамат“ овошните дрвца порано да цветаат.

Тоа е поволно, затоа што ако сега процветаат, потоа при пад на температурите, ќе дојде до измрзнување и уништување на родот. Секое уништување на родот, види кон недостиг и повисока цена на овошјето. Вакви примери имавме претходните години.

„Засега нема цутење на дрвцата, утринските температури се ниски и не се затоплува брзо атмосферата. Треба дневните температури да бидат од 15 до 17 степени во времетраење од две недели, за да расцутат овошките. Засега нема таква нешто и тоа е добро. Колку подолго се одржи зимата, тоа е подобро за овошките. Ако сега почнат да цветаат, сме имале такви работи и во минатото, не е добро, затоа што ќе почнат да формираат плод и во таа фаза и да фати температура од -1 или -2 степени, може да ги уништи. Засега условите  се добри. Сушни се условите, нема многу вржени. Колку помалку има врнежи, толку е подобро што соковите не се иницираат да тргнат од коренот кон гранките“, вели Ангелко Ангелески, агрометеоролог од УХМР.

Во почетокот или средината на март коскестите овошки обично цветаат.

„Колку подоцна цветаат  толку ќе биде подобро. Сушните зимски услови, зимската суша практично придонесува за такви работи, за одложена зима, снег не видовме, ние сме имале случаи пред 3 години, на Свети Трифиун имавме снег, еднаш и на 17 и на 27 април и ги фати овошките во фаза на цветање. Ако во овој период имаме високи температури и овошјето ќе се буди, побрзо ќе процвета и помал мраз ќе ги уништи“, додава Ангелески.

Објаснува дека најосетливи на мраз се бадемот, сливата, кајсијата, раните сорти праски, а јаболката не страдаат толку. Да се прехранат житата сега е идеално време и дождовите одат во прилог. Влагата придонесува да се растури вештачкото ѓубриво во почвата, но Ангелески објаснува дека поради немање пари, веројатно дел од земјоделците не ги обавуваат овие обврски, што секако ќе влијае на квалитетот на родот кај житарицата. За многу земјоделци цените на ѓубривата се високи. Викендот ќе го отпочнеме со стабилно, сончево и тивко време. Наутро ќе биде студено, но пријатно топло преку ден. Минималната температура ќе се движи во интервал од -6 до 1 степен, а максималната од 11 до 17 степени. Од вторник ќе имаме дожд. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади