27 Април, 2024
0.0329

Дали Општина Тетово има привилегии кај Владата и кај „Државни патишта“?

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

„Видое Смилевски Бато“ во Тетово е првиот булевар реконструиран и рехабилитиран од ЈП Државни патишта и „Македонија пат“ со државни ресурси ставени на располагање. Ваква „привилегирана“ државна помош добива Општина Тетово, како една од најзадолжените локални самоуправи во Македонија.

Двете претпријатија, кои приоритетно се надлежнни за изградба и одржување на автопатите, регионалните и магистралните патишта, за прв пат работат на транзитен булевар во должина од 3790 метри, инаку во Тетово познат уште како „Индустриска“.

Претходно, единствено предизборно било одлучено вонредно од Владата во 2016 масовно да се рехабилитираат и реконструираат општински улици во скопските периферни населби Сингелиќ, Инџиково, Булачани, Виниче, Страчинци, Црешево, Смилковци,Брњарци, Стајковци,Ченто, Волково, Радишани, Арачиново, како и улиците Љуботенска и Иво Лола Рибар кон Тетово.

Реконструкција на булеварот во индустриската зона во Тетово во должина од четири километри и вредност од 37 милиони денари започна изминатата есен. Овој пат е доста фрекфрентен особено во летниот период. Реконструкцијата на овој пат се одвива во две фази. Првата фаза веќе е во тек, подразбира гребење на постоечкиот асфалт и санација на дупки. Втората фаза е поставување на нов асфалт. Со овие две фази се врши санација на оштетувањата предизвикани од поплавите во 2015 год. Средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. 

Комплетната реконструкција и доизградба на булеварот Видое Смилевски – Бато се очекува да започне во месец март оваа година, со околу еден милион евра обезбедени од Светска Банка за Општина Тетово во форма на заем преку владиниот проект за подобрување на општински услуги. Со заемот од 60,6 милиони денари ќе се продолжи булеварот „Видое Смилевски Бато“, кој е главна комуникациска артерија за товарниот сообраќај кој од Скопје, Тетово и Гостивар се движи кон граничниот премин. 

„Реализацијата на овој проект ќе започне напролет со оглед на тоа дека сите подготовки се веќе завршени и остануваат да се завршат работите на терен“, гласи во најавата од страна на општината.

Советот на општина Тетово на 16.05.2019 година, донесе одлука за спроведување на капиталнен проект за изградба на новиот дел од булеварот Видое Смилевски Бато со должина од 671 метри.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра