19 Април, 2024
0.0314

Дали свињите се потат, има ли никотин во доматите? Четири факти кои веројатно не сте ги знаеле

Објавено во: Мои пари 21 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Она што за некои е бескорисна информација, за други сепак е интересен факт. Дали сте лице кое сака да дознава неочекувани информации?

Ако е така, подгответе се да се воодушевите од овие интересни забавни факти.

Свињите не се потат

Веројатно барем еднаш во животот сте ја искористиле фразата „се потам како свиња“. Факт е дека тој израз нема никаква смисла, бидејќи свињите ретко се потат. Имено, свињите имаат многу малку потни жлезди, чија работа има малку ефекти врз температурата на нивното тело. За да се разладат во летните месеци и да одржат стабилна температура, свињите вообичаено се тркалаат во вода или кал, а се случува и понекогаш да се задишат во желба да се разладат.

Зеленучокот содржи никотин

Зеленчукот како домати, компири и пиперки содржи природен никотин. Присутен е и во синиот домат, како и во се попопуларните гоџи бобинки. Вистината е дека никотинот уште во 16. век бил детектиран и изолиран од растението на тутун, што доведе до погрешно уверување дека го има исклучиво во оваа билка. Меѓутоа, студиите покажуваат дека никотинот од храната всушност може да биде корисен. CBS во 2013 година извести дека консумирањето на храна која содржи никотин всушност го намалува ризикот од развој на Паркинсонова болест. Никотинот предизвикува зависност и многу често се споменува како причина зошто е тешко да се остават цигарите. Поради тоа, многумина погрешно веруваат дека никотинот е всушност најштетната состојка на цигарите, но неговата најголема вина е тоа што всушност предизвикува зависност. Никотинот не е примарниот причинител за болести поврзани со пушењето, но е главната причина зошто луѓето пушат, покрај ритуалот и вкусот.

Токму ова е причината зошто лекарите се повеќе им препорачуваат на пациентите кои не сакаат да се откажат од пушењето, алтернативи кои го загреваат тутунот, наместо да го согоруваат. Производите без чад се дизајнирани значително да го намалат или елиминираат ослободувањето на штетни и потенцијално штетни хемикалии, а истовремено колку што е можно повеќе да го зачуваат вкусот, сетилното искуство, профилот на испорака на никотин, како и ритуалните карактеристики на цигарите. Истражувањата покажуваат дека и хигиената е една од главните мотивации за луѓето да се префрлат од цигари на производи без чад, бидејќи чадот од тутунот предизвикува непријатен мирис кај корисникот.

Хортензиите ја покажуваат PH вредноста на земјиштето

Украсната билка хортензија е позната како показател на PH ведноста во природата. Со менување на бојата на цветот се покажуваат промени во нивото на PH вредноста на почвата во која е засадена. Кога цветот е во кисела почва, бојата е сина, а кога е засаден во неутрално тло, цветовите се црвеникави или виолетови.

Папагалите се вешти во качување

Конфигурацијата на нозете на папагалот професионално се нарекува зигодактил. Во превод, папагалот има две канџи напред и две одзади, додека другите птици имаат три канџи напред, со една во задниот дел. Овој распоред на канџи му овозможува на папагалот да има максимално силен стисок, како и неверојатна способност за качување.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга