15 Декември, 2025
0.5093

„ДАЛИ СТЕ, БРЕ, НОРМАЛНИ?“Д-р Даниловски распали за Комисијата за заразни болести-не набавиле лек против Ковид!

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2023 07:19

Добивај вести на Viber

Докторот Драган Даниловски на својот фејсбук профил и се обрати на Комисијата за заштита од заразни болести, откако беше обелоденето дека го немаат набавено лекот за Ковид,  Паксловид.

„ „На Комисијата за заразни болести се дискутирало да се набави лекот против КОВИД-19 Паксловид ама не сега, туку во иднина, ако се зголеми бројот на позитивни случаи.“

„Министерството за здравство навело дека набавката ќе оди лесно и дека во моментот кога ќе побараат количини од производителот, ќе има доволно на располагање.“

Дали сте, бре, нормални?

Ќе сте набавеле Паксловид „во иднина, ако се зголеми бројот на позитивни случаи“?

Набавката ќе одела „лесно“?

Тактизирате, а? Зошто?

Сте чуле ли дека со зголемување на бројот на позитивни случаи, пропорционално расте и веројатноста да се зголеми бројот на случаи со тешка клиничка слика кои бараат хоспитализација, како и бројот на умрени?

Сте чуле ли дека Паксловид се дава кај ризични пациенти со лесна и средна клиничка слика во првите пет дена од почетокот на симптомите, токму за да се спречи да не добијат тешка клиничка слика и да не завршат во болница или на гробишта? Како тоа да се спречи, ако немаме Паксловид?

Конечно, сте чуле ли дека веројатноста за појава на „пост-КОВИД“ синдромот („долг КОВИД“) е поголема кај оние со тешка клиничка слика?

Дали воопшто знаете колку ризични поединци во моментов имаат респираторни инфекции? Не знаете.

Дали знаете дека бројот на „настинки“ постојано расте? Е, тоа го знаете. И ќе расте сѐ повеќе.

Ако Паксловидот ВЕЌЕ го имавме на располагање, ќе можевте да му советувате на Министерот за здравство да ги повика ризичните поединци да се тестираат – самостојно или кај својот матичен лекар. Па, ако се утврди КОВИД-19, матичниот лекар да процени дали смеат да се лекуваат со Паксловид. И тие што би смееле да го земат, би биле спокојни.

Како тоа да се спроведе ако немаме Паксловид?

Дознавам од мои извори дека неделава ќе сте собирале некаква работна група од клиничари за да ги „апдејтира“ лековите? Работна група? За што? Да проценува дали е потребно да се набави Паксловид?

Кои ќе бидат критериумите за донесување одлука за набавка? Бројот на потврдени случаи на КОВИД-19? Или бројот на хоспитализирани? Или бројот на смртни случаи?

Колку време ќе биде потребно за набавка? Недела, две, месец, два?

Во тоа меѓувреме, колкумина ризични граѓани (ако се заразат) ќе бидат изложени на (избеглив) ризик да завршат во болница? Или на гробишта?

Кој ќе сноси одговорност за тоа?

Четирите принципи на медицинската етика се:

1. Полза (прави добро)

2. Незлобност (не прави штета)

3. Автономија (давање на пациентот слобода да избира слободно, онаму каде што е можно)

4. Правда (обезбедување правичност)

Вие ги кршите првите два принципи!

Ако не сте дораснати да се носите со предизвиците, одете си дома!“, напиша тој.



Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија