13 Декември, 2025
0.0370

Дали среќата се купува со пари - истражување го даде одговорот

Објавено во: Стил 15 Ноември, 2022 18:41

Добивај вести на Viber

Парите сепак можат да купат среќа. 

Истражувањето направено со мала група луѓе покажа дека парите навистина можат да купат среќа барем за шест месеци. Експериментот е спроведен во три земји со ниски приходи - Индонезија, Кенија и Бразил и во четири земји со високи приходи - Обединето Карлство, САД, Австралија и Канада. Учесниците од земјите со низок приход пријавиле повисоки нивоа на среќа, додека обратното било во земјите со високи приходи.

Но, ова се однесува само за домаќинствата кои заработуваат до 123.000 долари. Студија објавена во списанието PNAS ги проучувала „ефектите“ од давање паушална сума од 10.000 долари на 200 луѓе од 7 различни земји.

Учесниците кои ги добиле парите имале задача да ги потрошат во рок од три месеци и да водат месечна евиденција за тоа колку се среќни. Евиденција во истото време воделе и стотина луѓе кои не добиле пари. 

По три месеци, групата која добила 10.000 долари пријавила повисоки нивоа на среќа од оние кои не добиле пари. Истото се повторило и по следните три месеци. Сепак, забележано е дека една група луѓе не забележала промена во позитивните чувства. Нивното ниво на среќа останало исто и откако ги добиле овие 10.000 долари.

Инаку, секоја година има различни листи на среќа, при што скандинавските народи се едни од најсреќните, додека народите од сиромашните земји се најнесреќни. И македонските граѓани се едни од најнесреќните. 

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Се отвораат казина на секој чекор, младите кои сакаат кино култура немаат каде да гледаат филмови: Скопје веќе 8 месеци е без градско кино

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се

Сведоштво на Викторија Сребренова за трагедијата во „Пулс“: Заглавена во толпата со скршеници и изгореници, го слушав гласот што ме одржа жива, издржи, не предавај се

Лидија Ивановиќ како бебе била оставена до контејнер во Скопје: Денеска е остварена жена, но не знае од каде доаѓа - „Чувствувам дека сум Македонка“

Лидија Ивановиќ како бебе била оставена до контејнер во Скопје: Денеска е остварена жена, но не знае од каде доаѓа - „Чувствувам дека сум Македонка“

МАСК СО ОСТАР КОНТРА УДАР - казната од Европската Унија „го извади најлошото“ од технолошкиот милијардер

МАСК СО ОСТАР КОНТРА УДАР - казната од Европската Унија „го извади најлошото“ од технолошкиот милијардер