14 Декември, 2025
0.0631

ДАЛИ СОСЕДИТЕ ЌЕ НИ ГИ „КРАДАТ“ РАБОТНИЦИТЕ? Со отворањето на границите ќе имаа поголема раздвиженост

Објавено во: Економија 25 Септември, 2023 10:24

Добивај вести на Viber

Предностите и маните за македонската економија, но и за нашите работници од интеграцијата на пазарите на земјите кои се дел од проектот „Отворен Балкан“. Дали има опасност македонските работници да избегаат во соседните земји за подобра плата? Овие аспекти ги анализираа Деспина Туманоска од Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ и професорот од Американ колеџ Скопје, Марјан Петрески. Нивните сознанија се преточени во студијата насловена „Предуслови за мобилност на работната сила при регионална економска интеграција: Предности и ндеостатоци од македонска перспектива“, при што утврдиле дека подлабокото регионално интегрирање на пазарите на труд во Западниот Балкан носи предности, но и закани.

-  Иницијативата „Отворен Балкан“ има за цел забрзување интеграција во Европската унија на трите земји Македонија, Србија и Албанија и истата е исклучително важна за македонската економија и треба да овозможи побрзо структурно прилагодување на предизвиците што ги носи отворениот пазар на труд. Ефектот на иницијативата врз домашниот пазар на труд зависи од моменталната состојба, но и од желбата на креаторите на политиките да се спроведат структурни промени. Слободното движење на работниците е едно од начелата на кои се темелат сите претходни и сегашни иницијативи за регионална економска интеграција на Западниот Балкан, и може да биде од значаен интерес со оглед на недостигот на работници и вештини со кои се соочуваат овие земји – се наведува во анализата.

Резултатите покажуваат дека на македонскиот пазар има вишок на работници кај професиите со повисоки квалификации, со исклучок на работниците од информатичко-телекомуникациски дејности, достигнувајќи максимум во образовните (педагошките) занимања, каде на едно слободно работно место има до 71 невработено лице. Од друга страна, за шест од осум занимања со пониски квалификации недостигаат работници, што е особено изразено за услужните и основните работници. Аналитичарите посочуваат дека ова е поврзано со фактот дека речиси 60 отсто од регистрираните невработени лица се без одредено занимање, со ниско или без образование.

-  Пресметките покажаа дека во соседна Србија премијата за плата во однос на Македонија е многу мала, речиси незначителна и, оттука, нема да предизвика значајна мобилност на македонските работници. Сепак, за секторите кои се од сезонска природа и имаат циклична потреба од работници, може да се појават значајни разлики во платите. Со оглед дека занимањата со пониски вештини се истовремено и дефицитарни на македонскиот пазар на труд, подлабоката регионална интеграција може да доведе до продлабочување на недостигот од вакви работници – се истакнува во анализата.

Иако регионалната економска интеграција има свои предности, аналитичарите посочуваат оти е важно да се направат структурни реформи во домашната економија, со цел намалување на разликите во понудата и побарувачката на работна сила и задоволување на потребите на пазарот на труд, пред се’ со домашни работници.

-  Генерално, регионалната економска интеграција која се темели на четирите основни начела за слободен проток на капитал, стоки, услуги и луѓе, им помага на земјите да ги надминат ограничувањата на економскиот раст создадени од лошата инфраструктура, неефикасните политики, географската припадност и демографските промени. Слободното движење на работниците е една од клучните слободи на регионалната економска интеграција која ја зголемува мобилноста на работната сила. Според последните податоци, речиси 162 милиони луѓе се преселиле во друга земја во потрага по вработување, а очекувањата се дека овој тренд ќе продолжи поради јазот во платите меѓу земјите, брзото стареење на работната сила во некои земји и технолошкиот развој што им олеснува на иселениците да останат поврзани со своето семејства – се наведува во анализата.

Аналитичарите посочуваат дека е потребно приспособување на политиките за да се спречи зголемување на бројот на работници во вишокот занимања, кои, неможејќи да најдат соодветно вработување емигрираат. Според нив, потребно е редовно следење  и дизајнирање активни политики за соодветни квалификација на работници без занимање.

-  АВРМ треба да дизајнира и испорача проверени курсеви за обука и модули на работниците без занимање и опремување нив со квалификации погодни барем за оние со ниска вештина занимања. Бизнис секторот треба да овозможи побројни и поинтензивни можности за обука на работното место за работници без одредено занимање  - истакнуваат аналитичаите.

Исто така се препорачува интензивирање на услугите на пазарот на трудот за кариерно советување и насочување на учесниците во средното образование, со цел да се намали понудата на работници кои се моментално во вишок, како научен и инженерски соработник професионалци и правни, социјални и културни професионалци. Креирање наменски образовни политики за да се насочи креирањето на работници во дефицитарните занимања, со што се намалува потребата за увоз на странски работници.

-  Дизајнирање наставни програми кои го одразуваат пазарот на трудот потребите и интензивирање на учеството на бизнисот сектор во процесот на дизајнирање. Стеснување на празнините на пазарите на труд во планските региони, преку повеќе можности за вработување во домашните економија и намалување на потребата од емиграција. Зголемување на атрактивноста кај големите компании и странските инвеститори кои отвораат нови работни места. Насочување на потенцијалните инвеститори во технолошко индустриските зони лоцирани во региони со голем број невработени лица со цел порамномерен регионален развој – се советите на аналитичарите.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји