20 Декември, 2025
0.4018

Дали со туристички посети странците можат да помогнат за поствоена обнова на Украина?

Објавено во: Свет 13 Октомври, 2022 07:20

Добивај вести на Viber

Организациите од Украина кои се занимаваат со промоција  на туризмот велат дека откако војната ќе заврши, солидарноста на светот и посетите на странските туристи можат да помогнат за побрза обнова на земјата.

Со оглед на нискиот стандард, Украинците велат дека се евтина дестинација за посетителите од многу земји. Доколку погледнете на букинг, ќе видите дека и во главниот град Киев има сместување по поволни цени. Инволвираните во туризмот во Украина знаат дека имаат убавини кои се атрактивни, но и слабости на кои треба да се работи.

Да, туризмот може да стане еден од двигателите на растот на повоената економија на Украина, бидејќи има многу интересни туристички места во земјата, потенцијалот за развој на туризмот е многу висок, но туристичката инфраструктура е недоволно развиена“, вели Владимир Окхотин, од ukrainetrek.

Лиде Стојановска, која по професија е туристички водич објаснува дека ако состојбата се смири, оние луѓе кои се со авантуристички дух, нема да чекаат долго, туку и по 6 месеци можно е да заминат на патување во Украина. Таа вели дека доколку имаме авионски летови, или автобуски превоз до Украина, со тоа што ќе има организирани тури, и по пат посета на други држави, луѓето веројатно би покажале интерес за Украина како дестинација. Стојановска додава дека војната која никој никаде не ја посакува, сепак придонесува по завршување на конфликтот, да има повеќе посети од туристи, а како пример ја наведува Босна и Херцеговина(БиХ).

„Мислам дека после војната интересот за посета на Украина ќе биде поголем. Ако биде мирно, и ако се стабилизира, веројатно оние кои сакаат да патуваат нема да чекаат со години, туку ќе ја посетат после половина година и тоа е мое лично мислење. Но, ако се патува со автобус, добро е да се организира посета и на други држави во рамки на една тура“, раскажува Стојановска.

Украинците кои живеат во Македонија, велат дека има многу градови во Украина кои се со долга традиција, историја и треба да се посетат.

„Киев, Одеса, Черновци, Харков се градови во кои има што да се види, затоа што се навистина убави. За туристите, некои работи се малку поскапи од овде, некои се поевтини, но генерално цените се прифатливи, и секако дека тоа би помогнало за украинскиот народ и за државата затоа што се работи за финансиски средства. Тоа секако би било позитивно. Денес со евтини авионски летови е полесно да се отиде каде било“, вели Украинка која живее во Македонија.

Oд Фавор Спорт Хотел од Киев велат дека прво треба да заврши војната, и откако ќе можат да гарантираат безбедност, гостите ќе се вратат.

„Бидејќи целиот туризам: деловен, влезен и домашен е во пауза од 24 февруари, за да се рестартира механизмот, светот треба да ги рестартира инвестициите во економијата на Украина за да привлече инвеститори во различни сектори на економијата, а тоа ќе придонесе за воспоставување на деловен, влезен и домашен туризам. Ако зборуваме за туристи, тогаш тие ќе ни се вратат, дури по победата на Украина, кога нивниот престој на територијата на нашата земја ќе биде безбеден. Прво интерес ќе покажат новинари, дипломати, разни добротворни организации, а потоа обичните граѓани ќе покажете интерес. Во моментов на Киев не му е потребна значителна реконструкција за пристигнувањето на гостите“, вели Олха Палии, вработена во Фавор Спорт Хотел.

Лани украинските власти објавија дека 41.500 туристи од Саудиска Арабија ја посетиле земјата и трошеле во просек по околу 2 илјади долари, а со тоа Украина заработила над 80 милиони долари само од нив. Интерес за посета покажале и гостите од Кувајт и Бахреин, но војната ги помати плановите.

Туризмот е важна гранка за економијата на Украина. Оваа држава секоја година ја посетуваат повеќе од 20 милиони туристи, а 25 милиони странски државјани ја посетиле земјата во 2008 година. Најголем дел од гостите се од Европа и САД.

Сања Атанасовска

foto Wikipedia/Ekaterina Polischuk

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот